Разговор:Речник

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Предвид наместо во предвид, синтаксна грешка.
  • којшто наместо кој што, одделни зборови.
  • Промена на зборови од типот сеуште во сѐ уште , одделни зборови сѐ, уште, е акцентирано.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 22:50, 27 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • Наводи наместо Референци, англизам.
  • наводи наместо референци, англизам.

списоци наместо листи, непотребен интернационализам. Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 23:20, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • филизоф* во философ*, с наместо з, правописна грешка.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 11:50, 10 август 2010 (CEST), управуван од Brest.[одговори]

Зборник[уреди извор]

Мислам дека статијата треба да биде насловена „зборник“ наместо „речник“. Она што го наоѓаме во овој вид на книжно помагало се „зборови“, па според тоа би требало да се вика „зборник“. Доста е веќе со вдомување на странски зборови за работи за коишто имаме сооветни истозначници.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:32, 27 февруари 2013 (CET)[одговори]

Отсекогаш било „речник“, иако точниот збор би бил „зборник“. Така имаме издадени англиско-македонски речник, српско-македонски речник и сл. Најверојатно традиционално се користи поимот „речник“.--Никола Стоіаноски 20:01, 27 февруари 2013 (CET)[одговори]
Во тој случај би требало да се направи пренасочување од Зборник на Речник --M4r51n (разговор) 20:18, 27 февруари 2013 (CET)[одговори]
Кога сме „пацери“ и си прифаќаме секакви туѓи зборови во јазикот, ќе си трпиме и некој да употребува „речник“. Тоа е, нема што друго да се прави, иако „реч“ воопшто не ни постои во македонскиот јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:04, 28 февруари 2013 (CET)[одговори]
Се согласувам со Кирил но да видиме другите што мислат... --M4r51n (разговор) 00:07, 28 февруари 2013 (CET)[одговори]

Коментар  Пацерството во најголема мера се однесува на прифаќањето на англиски зборови. За сите српски имаме наши што се користат редовно. Во случајот, „зборник“ има сосем друго значење (збирка, алманах). Зборот „реч“ има подеднакво и рамноправно потекло во двата јазика, само што со време кај нас го изгубил простото значење на „збор“ и станал постилски. Значи поимот не е ништо помалку македонски од „збор“. Глаголот „рече“, стилското „речта“, поимот „реченица“. Кога се појавил зборот речник, тоа било подеднакво природно во двата јазика. Вие гледајте да се спасуваме од англиските поими. Многу сериозно ви велам, англизмите се проблем, не другите. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:36, 28 февруари 2013 (CET)[одговори]