Првомај

Координати: 42°05′44″N 25°13′08″E / 42.095599° СГШ; 25.218861° ИГД / 42.095599; 25.218861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Првомај
Първомай
град
Биста на Ангел Војвода во Парвомај
Биста на Ангел Војвода во Парвомај
Првомај is located in Бугарија
Првомај
Првомај
Местоположба на Првомај во Бугарија
Координати: 42°05′44″N 25°13′08″E / 42.095599° СГШ; 25.218861° ИГД / 42.095599; 25.218861
ЗемјаБугарија
ОбластПловдив
ОпштинаПрвомај
Управа
 • ГрадоначалникНиколај Митков (БСП)
Површина
 • Вкупна75,485 км2 (29,145 ми2)
Надм. вис.&10000000000000134000000134 м
Население (2022)
 • Вкупно13,180
 • Густина170/км2 (450/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код4270
Повик. бр.+359 03366
Мреж. местоparvomai.bg

Првомај (бугарски: Първомай) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Првомај во Пловдивската Област. Има население од околу 13.180 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во Горнотракиската Низина на десниот брег на реката Марица. Првомај се наоѓа на 45 километри источно од регионалниот центар Пловдив и на 192 километри од главниот град Софија.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстарото документирано спомнување на градот датира од 1576 година. Тој бил впишан во регистарот на Џелепкешаните, подготвен од Џафер, кадијата на Пазарџик.

Првото училиште било изградено во 1836 година. Прв учител бил свештеникот Никола, кој освен што ги подучувал учениците, во училиштето вршел и богослужби и црковни церемонии — свадби, крштевки, погреби. Во 1849 година бил изграден и олтар, објектот бил официјално признат и осветен како црковен храм — црквата „Свети Димитар“, која е зачувана до денес.

Во 1873 година официјално била отворена железничката линија од Трново-Сејмен до Белово. Таа дала поттик за развојот на населбата.

На 18 јануари 1894 година е роден престолонаследникот кнезот Борис Трновски. На иницијатива на месните раководители е одлучено името на градот да се промени од турското Хаџи Елес во бугарското Борисовград. Идејата била поддржана по бурен митинг и молебен. Иницијативата била прифатена од централната власт и била одобрена со декрет на бугарскиот кнез Фердинанд I. Населбата се викала Борисовград до 1945 година. По воспоставувањето на комунистичкиот режим во Бугарија, на 1 мај 1945 година, на посебен митинг градот бил преименуван во Првомај. Идејата ја дал д-р Георги Славчев. На 5 мај 1945 година бил издаден Указ бр. 9159 за преименување на градот. По 1989 година два обиди за враќање на старото име на градот пропаднале поради силниот отпор на локалните комунисти и нивните сојузници.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]