Побрегово
Изглед
Побрегово | |
Координати 41°09′50″N 22°35′16″E / 41.16389° СГШ; 22.58778° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Богданци |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 88 м |
Побрегово на општинската карта Атарот на Побрегово во рамките на општината | |
Побрегово на Ризницата |
Побрегово — историско село во Гевгелиско, денес во атарот на с. Стојаково, Општина Богданци.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓало во областа Трнова (во Бојмија), на неколку километри североисточно од градот Богданци во правец на Стојаково. Низ месноста тече повремениот водотек Побрешка Река.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Побрегово било турско село во Гевгелиската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Побрегово имало 215 жители Турци.[2]
Според Димитар Гаџанов во 1916 г. во селото живееле 80 Турци и 14 Македонци.[3][4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
„Побрегово“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 151.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
|