Прејди на содржината

Пежо 108

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пежо 108
Peugeot 108
ПроизведувачПежо
Познат и какоСитроен Ц1
Тојота Ајго
Производство2014–до денес
СклопувањеЧешка
ПретходникПежо 107
Класамал градски автомобил (А)
Вид каросерија3 врати хечбек
5 врати хечбек
Распоредмотор напред, погон напред
Мотор1,0 L бензински
1,2 L бензински
СродниСитроен Ц1
Тојота Ајго

Пежо 108 (француски: Peugeot 108) – мал автомобил што го произведува француската фабрика за авгомобили Пежо во соработка со Тојота.

Историјат[уреди | уреди извор]

Пежо 108 бил претставен на саемот на автомобили во Женева во март 2014 година. Дошол како наследник на Пежо 107. Користи иста платформа со Ситроен Ц1 и Тојота Ајго, но сите три модели се одликуваат со различен дизајн. Ц1 и ајго се произведуваат во втората генерација, а името Пежо 107 било укинато. Трите автомобили се произведуваат во Колин во Чешка.

Во предниот дел Пежо 108 стилски се заснова на Пежовите модели од поновите генерации како 208 и втората генерација на 308-ката. Достапен е во верзии со три и пет врати, а како опција се нуди и подвижен платнен кров. Пежо 108 може да биде погонуван со еден од двата трицилиндрични бензински мотори кои се нудат, од 1000 и 1200 кубици.[1]

На креш тестовите на Euro NCAP во 2014 година, Пежо 108 добил четири од петте можни ѕвездички за безбедност.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пежо 108 – нови мали градски аутомобил“ (српски). b92.net/automobili.
  2. „Euro NCAP креш тест“ (англиски). euroncap.com. Посетено на 28 декември 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]