Паничари
Паничари | |
Координати 41°57′11″N 21°12′41″E / 41.95306° СГШ; 21.21139° ИГД | |
Општина | Сарај |
Население | 130 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25164 |
Надм. вис. | 706 м. м |
Паничари на општинската карта Атарот на Паничари во рамките на општината | |
Паничари на Ризницата |
Паничари — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 261 жител.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Општина Сарај. Селото е планинско.
Историја[уреди | уреди извор]
Кон крајот на XIX век селото било дел од Тетовската каза, Отоманско Царство. Според податоците на Васил К’нчов, селото во 1900 година имало населениеод 165 жители Албанци муслимани.[2] Според Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година имало 23 куќи со 174 жители Албанци.[3]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[4]
На пописот од 2002 година, селото имало 261 жител, од кои 260 Албанци и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 130 жители, од кои 107 Албанци и 23 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 165 | — | 206 | 225 | 240 | 282 | 292 | 0 | 271 | 261 | 130 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Паничари е албанско село.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
Доселеници
- Кокош (18 к.) за нивното потекло ништо не се знае, или несакаат да кажат. Возможно е да се староседелци.
- Мирте (15 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Од таму се иселиле двајца браќа. Едниот се населил во селото Арнакија, а другиот во Паничари. Потомците на двајцата браќа и денес се сметаат за блиски роднини. Овде живеат од средината на XIX век.[11]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.211
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Паничари, на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|