Никола Генадиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Генадиев
Роден 1 декември, 1868 година
Битола, Битолски Вилает, Отоманска Империја
Починал 30 октомври, 1923 година
Софија, Царство Бугарија
Убиен од четници на Тодор Александров
Занимање општественик, политичар и новинар

Никола Иванов Генадиев (1 декември 1868 во Битола30 октомври 1923 Софија) — бугароман и бугарски новинар и политичар од македонска народност.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

После Септемвриското востание од 1923 година биле ликвидирани многу приврзаници на востаничкото движење. Во Министерството за војна на Бугарија, на состанок на кој присуствувале претставници на Тодор Александров и Александар Протогеров, по предлог на Иван В’лков, било решено да го убијат министерот Никола Генадиев, бидејќи во него гледале опасност дека може да го поведе народот и да ги симне од власт деветтојунците.[1]

Се смета дека извршители на убиството биле Димитар Ѓузданов и Радев.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 337.