Настани во април

Од Википедија — слободната енциклопедија

1 април


Споменик на Јустинијан I на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Споменик на Јустинијан I на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Мануел Валс во 2012 г.
Мануел Валс во 2012 г.
527  Византискиот цар Јустин I го именувал својот внук Јустинијан I за совладетел и наследник на престолот.
1826  Семјуел Мори го патентирал моторот со внатрешно согорување.
1951  Формиран е Архивот на Македонија — Ден на архивистите на Македонија.
1976  Стив Џобс и Стив Возњак ја го основаат претпријатието „Епл“ (Apple).
2001  Холандија станала првата земја во светот што го озаконила истополови бракови.
2001  Поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија Слободан Милошевиќ се предал на специјалната полиција за да одговара за обвиненијата за воени злосторства пред меѓународниот трибунал во Хаг.
2002  Холандија станала првата земја што ја легализирала евтаназијата.
2014  Мануел Валс е назначен за премиер на Франција.


2 април


1453  Во понеделник (втор ден на Велигден) на 2 мај Мехмед II Освојувачот ја започнува Опсадата на Цариград. Градот ќе падне во рацете на Османлиите на 29 мај истата година.
1792  Озаконет доларот како парична единица во САД.
1975  Завршена е кулата „Си-ен“ во Торонто, Канада која во тоа време била највисоката градба на светот со 533,33 метри.
1982  Аргентина извршила инвазија на Фолкландските Острови што го означил почетокот на Фолкландската војна помеѓу Обединетото Кралство и Аргентина. Војната завршила по два и пол месеци, на 14 јуни истата година со пораз на Аргентина и повлекување од островите.


3 април


1043  Едвард Исповедникот е крунисан за крал на Англија.
1789  Прославениот војсководец Џорџ Вашингтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент.
1917  Владимир Илич Ленин се вратил во Русија од прогонство и застанал на чело на Руската револуција од 1917. Пред болшевичките водачи го претставил својот реферат „За задачите на пролетаријатот во сегашната револуција“ познат и како „Априлски тези“.
1945  Во Скопје, со изведувањето на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар.
1948  Претседателот на САД Хари Труман го потпишал Маршаловиот план со кој ја овластил помошта на САД од 5 милијарди долари за обновата на 16 европски земји по Втората светска војна.
1973  Во Њујорк, САД е воспоставен првиот телефонски повик од мобилен телефон.
1986  IBM го претставил новиот производ PC Convertible, првиот преносен сметач со димензии слични на денешните.
2008  И покрај решеноста на останатите 25 членки, Грција го спречи приклучувањето на Македонија кон НАТО, оправдувајќи го овој потег со потребата за подобрување на соседските односи со решавање на спорот со името на Македонија.


4 април


1905  Во Индија земјотрес во близина на Кангра однел најмалку 20.000 животи.
1945  Втората светска војна заврши на територијата на Унгарија, од каде што Црвената армија ги протера германските војски.
1945  Во Скопје излезе првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ („Пламен на братството“), прво гласило на албански јазик во Македонија.
1949  Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Северноатлантскиот пакт (НАТО), со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници.
1968  Борецот за правата на американците со африканско потекло, Мартин Лутер Кинг е убиен во Мемфис, САД.
1969  Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умрел по четири дена.
1973  Во Њујорк, САД официјално e отворен Светскиот трговски центар, целосно разурнат во терористичките напади на Ал-Каеда од 11 септември 2001 г.
1975  Основан „Мајкрософт“ (Microsoft) од Бил Гејтс и Пол Ален.
1994  Марк Андерсен и Џим Кларк го основале „Netscape“.


5 април


1942  Во екот на Втората светска војна Јапонија ја нападнала Шри Ланка.
1654  Со Вестминстерскиот мир завршила Првата англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скршила холандската надмоќност на море.
1955  Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на братанската дипломатија Ентони Идн.
1989  Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа што означи крај на меѓусебниот десетгодишен конфликт.
1992  Српските сили воспоставиле опсада на Сараево. Градот останал под опсада до 29 февруари 1996, што е најдолгата опсада во современата воена историја.
1998  Најдолгиот висечки мост на светот, Акаши-Кајкјо во Јапонија, е отворен за сообраќај.
1999  Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион „Боинг 747“ над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица.


6 април


885  Во Велиград, Велика Моравија (денешна Чешка), умрел и бил погребан Свети Методиј.
1814  Наполеон абдицирал и подоцна бил протеран на островот Елба, близу Италија.
1896  Во Атина почнале првите современи Олимписки игри кои биле организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршиле на 14 април, учествувале 484 натпреварувачи.
1909  Американскиот поларен истражувач Роберт Пири (1856 - 1920) прв стигнал на Северниот Пол. Пири го испитал и најсеверниот дел на Гренланд (Пириева Земја) и напишал неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот Пол“ и „Тајните на поларните патувања“.
1917  САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, ѝ објавиле војна на Германија.
1941  Нацистичка Германија без објава ги нападнала Југославија и Грција. Нападот започнал со бомбардирање на Белград, кој е речиси целосно разорен, а 12.000 луѓе го загубиле животот.
1991  Во Прилеп почнал Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
1994  Започнал геноцидот во Руанда кој однел над 500.000 животи, откако е соборен авионот кој ги превезувал претседателите на Руанда Џувенал Хабјаримана и на Бурунди Циприен Нтаријамира.


7 април


529  Во Цариград бил издаден првиот нацрт на Јустинијановиот законик (Corpus iustis civilis) — кодификација на царските закони од II век до тогаш.
1348  Во Прага е основан Карловиот универзитет, прв во Средна Европа.
1795  Франција го усвоила метарот како основна мерка за должина.
1906  Вулканот Везув го уништил градот Неапол во Италија.
1939  Војската на Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија.
1945  Втора светска војна: Американските авиони го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“.
1948  Во рамки на Обединетите Нации, основана е Светската здравствена организација.
1953  Даг Хамаршелд, шведски дипломат, е избран за генерален секретар на Обединетите нации.
1963  Усвоен е новиот устав на Југославија, со кој таа се преименувала во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а Јосип Броз Тито е прогласен за доживотен претседател.
2005  Пакистан и Индија ја утврдиле граничната линија во областа Кашмир.
2012  Џојс Банда станала првата жена-претседател на Малави.



8 април


1513  Шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон ја открил Флорида и ја прогласил за шпански посед. Во 1819. Шпанија ја продала Флорида на САД за 5 милиони УСД и ветување дека ќе се откажат од претензии кон Тексас.
1820  Милоска Венера е откриена на островот Милос во Грција и станала првостепена атракција кога била изложена во Лувр во Франција, иако некои не ја делеле воодушевеноста, на пример Пјер Огист Реноар рекол дека „потсетува на голем џандар“.
1904  Франција и Обединетото Кралство потпишале „Срдечен сојуз“, предвесник на Антантата која била воен сојуз во текот на Првата светска војна и Втората светска војна, и крај на долговековните војни помеѓу двете земји.
1942  Во Битола бугарската полиција го смртно е повреден членот на месниот комитет на КПЈ Јордан Чопела. Следниот ден умира.
1971  Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8 април за Светски ден на Ромите.
1993  Со акламација во Генералното собрание на ОН, Република Македонија е примена како 181 рамноправна членка на Организацијата на обединетите нации под името „Поранешна Југословенска Република Македонија“.
1995  Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставиле дипломатски односи.


9 април


1387  Османлискиот султан Мурат I го освоил Солун.
1682  Роберт Кавалие де Ла Сал го открил устието на реката Мисисипи, го прогласил за француска територија, и го нарекол по својот крал — Луизијана.
1865  Воениот водач на Конфедерацијата генерал Роберт Ли се предал заедно со своите војски на силите на Унијата (САД) со што завршила Граѓанската војна во САД.
1867  Сенатот на САД со еден глас мнозинство го ратификувал договорот за купување на Алјаска од Царска Русија за 7.200.000 УСД, или околу 4,75 центи за хектар.
1873  Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари.
1909  Турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.
1928  Како дел од реформите кои ги започнал Ататурк, исламот престанал да биде државна религија во Турција.
1967  Првиот лет на Боинг 737.
2003  Багдад и Ирак биле освоени од коалиционите сили предводени од САД.


10 април


1915  Патувајќи од Мелник за Неврокоп, во близина на Роженскиот манастир, Јане Сандански бил убиен од врховистички наемници.
1948  Започна изградбата на ХС „Маврово“.
1953  Шведскиот дипломат Даг Хамаршелд, е избран за втор по ред генерален секретар на Организација на обединетите нации. Роден е во 1905 година, а загинал во авионска несреќа во Катанга, во 1961 година.


11 април


1713  Потпишан е Утрешкиот мировен договор како финале на тринаесетгодишната Војна за шпанското наследство помеѓу речиси сите поголеми Европски сили од XVIII век.
1919  На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународната организација на трудот.
1921  Првиот спортски радиопренос. Се пренесувал боксерски меч помеѓу Џони Реј и Џони Данди во САД.
1945  Втора светска војна: Американските војници го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд.
1964  Фриц Фрелинг и Дејвид Депати ја лансирале серијата цртани филмови со Пинк Пантер и истата година освоиле Оскар за кус анимиран филм.
1991  Советот за безбедност на ОН го објави формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и ќе го уништат оружјето за масовно уништување.
1992  Регистриран е Македонскиот олимписки комитет (МОК), формиран на 20 март истата година. За прв претседател е избран д-р Васил Тупурковски.
1995  Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.


12 април


467  Антемиј станал римски цар.
1204  Крстоносците го освоиле и опустошиле Цариград.
1557  Бил основан градот Куенка во денешен Еквадор.
1606  Создадено официјално знамето на Обединетото Кралство.
1633  Започнува процесот на инквизиција против Галилео Галилеј.
1861  Започнала Американската граѓанска војна со нападот на силите на Конфедерацијата на Форт Сумтер во Јужна Каролина.
1877  Обединетото Кралство ја припоило Јужна Африка.
1917  Прва светска војна: Канада победила во Битката кај Вими против Германија.
1945  Дотогашниот потпретседател Хари Труман станал претседател на САД, откако претседателот Франклин Рузвелт починал додека бил на функција.
1961  СССР го лансирале во орбита околу Земјата вселенскиот брод „Восток 1“ во кој се наоѓал првиот човек во вселената: 27-годишниот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин.
1966  Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина.
1981  Првиот лет на првото повеќекратно употребливо и пилотирано вселенско летало „Колумбија“ на НАСА.
1992  Отворен е забавниот парк „Дизниленд Париз“ — прв во Европа.


13 април


1898  Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум.
1913  Општинскиот театар во Битола ја одржал првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“.
1943  Германците објавиле дека во окупираниот дел на Русија, во Катинската шума нашле масовни гробници со повеќе од 4.000 поранешни полски воени заробеници кои силите на СССР претходно ги заробиле по нападот на Полска во 1939-40 г. Откритието ги нарушило односите меѓу СССР и другите сојузници во Втората светска војна. Русија го признала масакрот дури во 1990 г.
1970  Експлодирал еден од двата резервоари со кислород во вселенското летало „Аполо 13“ и екипажот бил во смртна опасност сѐ до враќањето на Земјата четири дена подоцна.


14 април


1865  Во театарот „Форд“ во Вашингтон, Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн.
1894  Во Њујорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики — претходник на филмот.
1912  Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.
1915  Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес.
1941  Усташите се задолжени за управувањето со Независната Држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6 април истата година.
1992  Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија.
1994  Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник — Ден на Царинската служба на Република Македонија.
1995  Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставиле дипломатски односи.


15 април


1912  По судирот во санта мраз нешто пред полноќ претходниот ден, потона прекуатланскиот брод Титаник. 1517 лица го загубија животот.
1923  Инсулинот станува општо достапен за болните од шеќерна болест.
1955  Во државата Илиноис во САД е отворен првиот ресторан „Мекдоналдс“.
1992  Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
1994  Потпишан е општиот договор за трговија и царински тарифи ГАТТ.


16 април


1945  Формирана е првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски
1991  Собранието на Социјалистичка Република Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот „Социјалистичка“ пред името на Социјалистичка Република Македонија.
2007  Во Хаг започна судскиот процес против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за наводни воени злостроства во конфликтот во 2001. Покрај Бошкоски обвинет е и Јохан Тарчуловски.
2007  Во Блексбург, Вирџинија, вооружен студент убил 32 колеги и професори од факултетот и ранил уште 20, пред да се самоубие. Еден од најсмртоносните инциденти од овој вид.


17 април


1492  Изабела I Кастиљска и Кристофер Колумбо склучиле договор за неговото патување до Азија преку Атлантикот.
1941  Кралството Југославија капитулирало пред нападот на Силите на Оската во Втората светска војна.
1946  Последните француски војници ја напуштиле Сирија, која стекнала независност.
1961  Инвазија во Заливот на Свињите: 1.511 кубански бегалци во САД, обучени и финансирани од ЦИА, се истовариле во Заливот на Свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро.
1969  Александар Дубчек поднесол оставка на функцијата шеф на Комунистичката партија на Чехословачка.
1970  Тешко оштетениот модул на ракетатаАполо 13“ безбедно се вратил на Земјата со тричлениот екипаж.
1971  Излегол првиот соло-албум на Пол МекартниMcCartney“.
1975  Војската на Црвените Кмери го зазеле Пном Пен.
1977  Жените во Лихтенштајн добиле право да гласаат на изборите.


18 април


1506  Осветени се темелите на денешната базилика „Св. Петар“ во Рим.
1941  Втора светска војна: Со одбрение на Германија, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија.
1942  Втора светска војна: Американското воздухопловство првпат го бомбардира Токио.
1951  Во Париз, Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција потпишаа Договор за создавање Европска заедница за јаглен и челик.
1954  Гамал Абдел Насер станал премиер и воен управник на Египет.
1955  Во индонезискиот град Бандунг започна афроазиска конференција на 29 земји, на која се потврдени принципите на деколонизација и создавање на „третиот свет“.
1980  Јужна Родезија под името Зимбабве стана 50-та независна држава во Африка. За прв претседател е избран Ханан Банана.
1991  Со победата против „Барселона“ со резултат 70:65, југословенската екипа „Поп '84“ од Сплит по третпат едноподруго станала европски првак во кошарка.
1994  Странските хуманитарни организации соопштија дека етничките масакри на припадниците на племињата Хуту и Тутси, за време на кои се убиени околу милион лица, ја зафатиле целата територија на Руанда.
1996  Република Македонија и Република Руанда воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.


19 април


1587  Англискиот адмирал Френсис Дрејк ја потопува шпанската флота кај Кадис.
1775  Во Масачусетс, започнува американската војна за независност од Велика Британија.
1839  Со Лондонскиот договор, се формира Кралството Белгија, а потврдена е и независноста на Големото Војводство Луксембург.
1909  Јованка Орлеанка е прогласена за светица.
1943  Втора светска војна: Започнува неуспешно востание против нацистичката окупација во варшавското гето.
1945  Втора светска војна: Американските војници го зазедоа германскиот град Лајпциг.
1956  Склучен е бракот помеѓу американската глумица Грејс Кели и моначкиот кнез Рение III.
1961  Американската инвазија на Заливот на Свињите, во Куба, завршува со неуспех.
1971  СССР ја лансира вселенската станицаСаљут“ во орбитата околу Земјата.
1993  Кралството Холандија ја призна независноста на Република Македонија.
1995  Бомбардирана е федералната зграда на Оклахома Сити (Оклахома, САД). 168 мртви.
1997  Демократската и Либералната партија се обединија формирајќи ја Либерално-демократската партија.
1999  Германското собрание се враќа во Берлин.
2000  Боинг 737 на Air Phillipines се урива на аеродромот во Давао, убивајќи 131 лице.
2005  Јозеф Рацингер е избран за папа Бенедикт XVI.
2019  Мигел Дијас-Канел станува претседател на Куба.


20 април


1972  Американското вселенско летало „Аполо 16“ се спушти на површината на Месечината.
1991  На 11-от Конгрес на СКМ - Партија за демократска преобразба е формиран Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
1999  Во округот Џеферсон, Колорадо е извршен масакр во средното училиште „Колумбина“


21 април


753 п.н.е.  Според преданието, Ромул и Рем го основале градот Рим.
1836  Војската на Тексас под водство на Сем Хјустон ги победила мексиканските сили на генералот Антонио Лопес де Санта Ана во решавачката битка на Тексашката револуција.
1944  Жените во Франција добиле право на глас.
1918  Прва светска војна — германскиот воен пилот Манфред фон Рихтхофен познат како Црвениот Барон е погоден и убиен во небесна битка над Во на Сома, Франција.
1946  Во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа била претставата „Силјан Штркот“, според истоимената народна приказна.
1956  Елвис Присли за првпат се искачил на првото место на топ-листите.
1967  Неколку дена пред општите избори во Грција, полковникот Јоргос Пападопулос спровел државен преврат со кој воспоставил воен режим во земјата кој траел следните седум години.
1994  Во населбата Драчево, кај Скопје е предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и САД.
2001  Во Јужна Африка се одржала борбата меѓу актуелниот првак Ленокс Луис и предизвикувачот Хасим Рахман. Рахман победил со нокаут во петтата рунда, со што станал светски првак во бокс, во тешка категорија, во верзиите на WBC, IBF и IBO.


22 април


1500  Португалскиот морепловец Педро Кабрал стигнал до Бразил и го прогласил за португалски посед. Ова се празнува како Ден на откривањето на Бразил.
1920  Стапија во штрајк поштарите во Македонија — Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија.
1964  Тангањика и Занзибар се обединиле во заедничка држава — Танзанија.
1970  Почнал да се празнува Денот на планетата земја.
2007  Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија


23 април


1972  Во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, кој е осветен на 12 август 1990 година.
1982  Пуштен е во продажба Зет-Икс Спектрум.
1996  УНЕСКО го промовира Светскиот ден на книгата, по повод годишнината од смртта на Сервантес, Шекспир и Де Ла Вега


24 април


1184 п.н.е.  Според преданието, Данајците навлегле во опсадената Троја преку групата скриена во подарениот Тројанскиот коњ. Оттука поговорката: „Не им верувај на Данајците ни дарови кога носат“.
1854  Врховниот суд на САД донел пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструирал машината за шиење и во потрага за покровител отишол во Англија, каде директорот на патувачкиот театарСингер“ и други луѓе го измамиле и почнале да ја произведуваат познатата „сингерка“. Своето право на патентот, Хау го добил по судски пат и секојдневно примал по 4.000 долари за лиценцата.
1877  Царот на Русија Александар II му објавил војна на Османлиското царство, бидејќи одбило да го почитува Лондонскиот договор. Војната завршила во декември, кога британската флота ја принудила руската војска да се повлече.
1898  Шпанија ѝ објавила војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на шпанската војска од Куба.
1945  Втора светска војна: Американската војска го ослободила концентрациониот логорДахау“.
1949  Во Скопје се одржало првото Универзитетско собрание во Македонија при што е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го добил името „Кирил и Методиј“, а од 12 ноември 1992 година се вика „Св. Кирил и Методиј“.
1970  Лансиран е првиот кинески вештачки сателит.
1995  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.


25 април


1191  Започнало зографирањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско.
1719  Излегол романот „Робинзон Крусо“ на англискиот писател Даниел Дефо.
1859  Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинанд де Лесепс, започна изградбата на Суецкиот Канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратешко и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Блискиот и Далечниот Исток.
1959  Пловниот пат Сент Лоренс, кој ги поврзува Големите Езера преку реката Сент Лоренс и систем од канали со Атлантскиот Океан е отворен за пловидба.
1945  Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на Обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН).
1960  Во Битола е основано Друштво за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината.
1979  Во Битола е основан вториот универзитет во СР Македонија, „Свети Климент Охридски“.
1996  Република Македонија и Хондурас воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.


26 април


1962  Во Кејп Канаверал, во САД е лансиран првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат.
1964  Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија.
1986  Катастрофа во атомската централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на зрачењето, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил.
1992  Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина.
1992  Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име „денар“.
1993  Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.


27 април


1521  На својот пат околу светот, кај Мактан на Филипините, убиен е Фернандо Магелан во борба со домородците предводени од главатарот Лапу-Лапу. Дел од експедицијата го продолжува и успешно го завршува патувањето во 1522. година.
1810  Бетовен ја искомпонирал „За Елиза“.
1905  Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев — македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година.
1960  Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија.
1961  Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка.
1992  По распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора ја формирале Сојузна Република Југославија.
1993  Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност.
1993  Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур.


28 април


518  Катастрофален земјотрес го разрушил Скупи, претходникот на денешно Скопје.
1945  Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петаки се погубени од стрелачки вод составен од членови на италијанското движење на отпорот.
1964  Излегло првото издание на „Битолски весник“.
1969  Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи.
1980  Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран.
2001  Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја.
2001  Милионерот Денис Тито станал првиот вселенски турист во светот. Платил 20 милиони УСД за да лета на Руската ракета Сојуз ТМ-32 и минал скоро 8 дена во вселената.
2004  Кандидадот на СДСМ Бранко Црвенковски е избран за Претседател на Република Македонија со убедлива победа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев.


29 април


1429  Јованка Орлеанка на чело на неколку стотици Французи ги победила англиските освојувачи и го зазела градот Орлеан.
1672  Кралот Луј XIV извршил инвазија на Холандија.
1861  По предлог на епископот Јосип Јурај Штросмајер, Собранието на Хрватска донело одлука за основање на Југословенска академија на науките и уметностите како матична културно-научна установа на сите Јужни Словени.
1945  Втора светска војна: германските окупациски сили во Италија безусловно капитулирале пред Сојузниците.
1968  МјузиклотКоса“ — претставително дело на хипи-движењето и пацифизмот бил премиерно прикажан на Бродвеј во Њујорк, САД.
1997  Во Луксембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишале спогодбата за соработка.
1999  При бомбардирањето на НАТО на СР Југославија била урната највисоката зграда во земјата — телевизиската кула (203 м) на планината Авала, близу Белград.
2005  Сирија целосно се повлекла од Либан, окончувајќи ја 29-годишната окупација.
2011  Британскиот принц Вилијам се венчал со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон.


30 април


1900  Хаваи станале составен дел на САД.
1916  Летното сметање на времето за првпат во светот се применува во Обединетото Кралство.
1944  Во селото Стајовце, Кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание.
1975  Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам.
1992  Во Скопје, редакцијата на весникот „Нова Македонија“ и новинската агенцијата Франс-Прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на општите услуги на агенцијата.
2013  Крунисан холандскиот крал Вилем-Александар, по абдикацијата на неговата мајка, кралицата Беатриса.


31 април


31 април (настани)