Прејди на содржината

Мухарем Шахичи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мухарем Шахичи
Роден 15 мај 1927(1927-05-15)(97 г.)
Ѓуришевац, Кралство Југославија
Националност Македонски Албанец
Занимање артист, поет

Мухарем Шахичи (р. 15 мај 1927 во Ѓуришевац) — македонски артист и поет со албанско потекло.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил Административна школа и Педагошки курс. Како учесник во НОБ, останал воен инвалид.

Бил секретар на СКОЈ, претседател на Здружението на борците на општината Кисела Вода во Скопје и артист на Албанско-турскиот народен театар во Скопје од 1970 година. Автор е и на две збирки поезија.

Улоги[уреди | уреди извор]

Шахичи играл како: Крис во „Манде“, Русин во „Небески одред“, Надрија во „Коштана“, Панде во „Парите се отепувачка“, Рама во „Брачни партнери“ и Јоле во „Меќава“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шашко“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1649. Text "series " ignored (help)