Младен Никодиноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Младен Никодиноски
Роден 1911 година
Патеец, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство
Починал 16 ноември, 1944 година
Зајас, Кичевско, Македонија
Националност Македонец

Младен Тасев Никодиноски ( 1911во Патеец, Кичевско16 ноември 1944во Зајас, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Иако е роден во селото Патеец, тој живеел во селото Лазаровци. По занимање бил трговец. По окупацијата на Македонија, бил на страната на Дража Михајловиќ, но по извршените преговори, во август 1944 година, се приклучил во редовите на НОВ во Петнаесеттата македонска бригада како командир на чета. Се истакнал како храбар борец. Загинал при конечното ослободување на Кичево на 16 ноември 1944 година во борбите над селото Зајас.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 93.