Мише Андрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мише Андрески
Роден 1920 година
Белица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Шид, Србија
Националност Македонец

Мише Ќиров Андрески ( 1920 во Белица, Кичевско1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно земјоделско семејство. Се занимавал со земјоделие, бидејќи не се школувал. Како младинец бил симпатизер на ослободителното движење, а потоа доброволно се приклучил во НОВ на Македонија во пролетта 1944 година и бил распореден во единиците на Првата македонска бригада. Со борците од Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Охрид, Кичево и другите градови, а потоа во состав на Четириесет и осмата дивизија заминал на Сремскиот фронт, каде што загинал во април 1945 година кај месноста Шид.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 39.