Мирче Деспотов
Мирче Деспотов | |
---|---|
Роден(а) | 1802 Осој, Дебарско |
Починал(а) | 1883 Осој, Дебарско |
Националност | Македонец |
Занимање | копаничар |
Познат(а) по | верски објекти, државни и приватни градби |
Значајни дела | во текстот |
Деца |
|
Родители | Деспот Младенов (татко) |
Роднини | Браќа:
|
Мирче Деспотов Младенов (1802 - 1883) — македонски копаничар, претставник на Дебарската школа.
Животопис[уреди | уреди извор]
Мирчев е роден во 1802 г. во селото Осој, Дебарско. Родот се спомнува на крајот од XVIII век, кога Младен и син му Деспот почнале да се занимаваат со копаничарство и градителство. Од синовете на Деспот само Мирче се занимавал со резба. Предводел тајфа од 70 луѓе и претежно изработувал тавани. Изградил џамија во Дебар и ги изработил сите резбани украси во неа, па затоа таа е наречена Мирче-џамија (Јени џамија).[1] Во Дебар ги изградил и касарните, а заедно со мајстор Алексо Черпеналоски ги изграфил беговите конаци. Во Тетово ги изградил конаците на Хаки-паша и Абдурахман-паша Тетовски на Тетовското кале.[1] Двата тавана на Хакинпашините конаци со големина од 6 × 8 м се чуваат во Музејот на Град Скопје; направени се од бор, а резбите и корнизите се од липа. На двата тавана се употребени растителни елементи и има барокно влијание — линиите се префинети и урамнотежени, а украсите не се претрупани.[1]
Во Сер го изработил иконостасот на митрополитската црква „Св. Архангели“.[1] Особено маестрален е иконостасот во едно од серските села.[1]
На возраст од 80 години се вратил во родното село, каде умрел. Синовите Коста и Алексо Мирчев работеле со него. Внуците Нестор Алексиев и Лазар Алексиев исто така станале познати копаничари.[2][3]
Родословие[уреди | уреди извор]
Младен | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Деспот Младенов | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тримче Деспотов | Дуко Деспотов | Георги Деспотов | Мирче Деспотов (1802 — 1883) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Блаже Тримчев | Мане Тримчев | Коста Мирчев | Гаврил Мирчев | Алексо Мирчев (1835 — 1906) | Елена Филипова | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ламбе Костов | Трајче Костов | Израил Гаврилов | Мирче Гаврилов | Нестор Алексиев (1878 — 1969) | Мафе Алексиев | Лазар Алексиев (1884 — 1963) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Миле Несторов | Борис Несторов | Михаил Несторов | Тодор Несторов | Александар Несторов | Михаил Лазаров | Александар Лазаров | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 254.
- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 457. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ „Македонскиот Микеланџело: Нестор Алексиев Мирчевски“. Архивирано од изворникот на 1 март 2014. Посетено на 4 октомври 2011.