Микаел Пернфорс

Од Википедија — слободната енциклопедија

Микаел Пернфорс (роден на 16 јули 1963 година) е поранешен професионален тенисер од Шведска. Тој стигнал до финалето во поединечна конкуренција за мажи на Отвореното првенство на Франција во 1986 година и го освоил Мастерсот во Канада во 1993 година во градот Монтреал.

Кариера[уреди | уреди извор]

Пернфорс е роден во Малме, Шведска.

Пернфорс играл тенис повеќе со ударот со бекхенд и тоа го правел со двете раце, исто како неговите сонародници Бјорн Борг и Матс Виландер, но тој ја немал нивната конзистентност и се потпирал на игра полна со разновидност. Таквата игра ја правела задоволна публиката.Често користел слободен пад на топчето, а омилен му бил ударот топ спин.

Пред да стане професионален играч, Пернфорс играл тенис две години на колеџот на заедницата Семинол, а потоа играл за Универзитетот во Џорџија во Соединетите Американски Држави и станал првиот играч по Денис Ралстон, од пред две децении, што освоил НЦЦА(Национално колегиумско атлетско здружение) титули во поединечна конкуренција во 1984 и 1985 година.

Во 1986 година, Пернфорс стигнал до своето прво (и единствено) Гренд слем финале во поединечна конкуренција на Отвореното првенство на Франција. Тој ги победил Оливие Делаитре, Стефан Едберг, Роберт Сегусо, Мартин Жаите, Борис Бекер во четвртфиналето и Анри Леконте во полуфиналето. Во финалето тој загубил од тогашниот светски рекет број 1 Иван Лендл со 6:3, 6:2, 6:4 во сетови.

Пернфорс играл за Шведска во финалето на Дејвис купот во 1986 година. Тој победил во еден поединечен натпревар против Пол Мекнеми, а во другиот загубил од Пет Кеш во пет сета - откако ги освоил првите два.Таа година Австралија ја победила Шведска со 3:2. Следната година на Вимблдон тој повторно изгубил водство од два сета, овој пат од Џими Конорс и тоа со резултат од: 1:6, 1:6, 7:5, 6:4, 6:2 откако бил во водство со 6:1, 6:1, 4;1 во третиот сет, а потоа и во водство со 3–0 во четвртиот сет.[1]

Во 1988 година, Пернфорс ја освоил својата прва титула во поединечна конкуренција на највисоко ниво во Лос Анџелес, победувајќи го Андре Агаси во финалето. Неговата втора титула дошла само еден месец подоцна во Скотсдејл во Аризона.

Во четвртото коло на Австралија опен во 1990 година, Пернфорс се соочил со Џон Мекинро. За време на мечот Џон Мекинро бил првиот играч кој бил дисквалификуван според новиот Кодекс на однесување што неодамна бил воведен во тенисот. Мекинро очигледно не знаел дека според новите правила три прекршувања според новиот кодекс ќе значи автоматска дисквалификација, наместо како што било претходно со четири грешки. Пернфорс го добил натпреварот откако Мекинро ги сторил следните прекршоци: се обидел да заплаши линиска судијка, скрши сопствен рекет, а потоа вербално го нападнал главниот судија.

Повредите ги ограничиле настапите на Пернфорс на турнирите во првите неколку години од 1990те години. Тој се вратил на моќен начин во 1993 година за да ја освои најзначајната титула во неговата кариера на Канадскиот опен (дел од тениската Мастерс серија), каде што го победил Тод Мартин во финалето со 2:6, 6:2, 7:5. Неколку недели подоцна тој го победил Матс Виландер во пет сета во второто коло на САД опен, со резултат: 7:6, 3:6, 1:6, 7:6, 6:4.

Пернфорс бил добитник на наградата за играч кој имал најдобар напредок на АТП турнирите во 1986 година, и наградата за играч на годината во 1993 година која му припаѓа на тенисер кој успеал да се врати во тениската игра по пауза.

Пернфорс се повлекол од професионалите турнири во 1996 година по кариерата во која освоил три титули во поединечна конкуренција на највисоко ниво и една титула на игра во двојки. Неговото највисоко рангирање во кариерата во поединечна конкуренција му била светскиот рекет број 10 во 1986 година. Неговата финасиска заработка во кариерата изнесувала 1.363.793 американски долари. Покрај неговите победи над Бекер, Агаси, Мекинро и Мартин, Пернфорс има победи и над Матс Виландер, Пит Сампрас, Стефан Едберг, Џим Куриер, Томас Мустер, Серџи Бругуера и Мајкл Штих.

По повлекувањето од турнирите, Пернфорс е редовен учесник на натпреварите во сениорска конкуренција.[1]

Големи финалиња[уреди | уреди извор]

Гренд слем финалиња[уреди | уреди извор]

Поединечна конкуренција 1 (0–1)[уреди | уреди извор]

Исход Година Првенство Подлога Противник Резултат
Пораз 1986 година Франција опен Земја Чехословачка Иван Лендл 3–6, 2–6, 4–6

Финале на Мастерс серијата[уреди | уреди извор]

Поединечна конкуренција1 (1–0)[уреди | уреди извор]

Резултат Година Турнир Површина Противник Резултат
Победа 1993 година Канада (Монтреал) Тврда САД Тод Мартин 2–6, 6–2, 7–5

Финалиња во кариерата[уреди | уреди извор]

Поединечна конкуренција: 5 (3 титули, 2 второпласиран)[уреди | уреди извор]

Легенда
Гренд слем (0-1)
Мастерс куп во тенис (0-0)
Мастерс серија на АТП (1-0)
АТП турнеја (2-1)
Резултат бр. Датум Турнир Подлога Противниците Резултат
Пораз 1. мај 1986 година Франција опен, Париз, Франција Земја Чехословачка Иван Лендл 3–6, 2–6, 4–6
Пораз 2. февруари 1988 година Мемфис, САД Тврда (i) САД Андре Агаси 4–6, 4–6, 5–7
Победа 1. септември 1988 година Лос Анџелес, САД Тврда САД Андре Агаси 6–2, 7–5
Победа 2. октомври 1988 година Скотсдејл, САД Тврда САД Глен Лајендекер 6–2, 6–4
Победа 3. јули 1993 година Монтреал, Канада Тврда САД Тод Мартин 2–6, 6–2, 7–5

Двојки (парови): 3 (1–2)[уреди | уреди извор]

Легенда (Двојки)
Грен слем титула (0-0)
Мастерс куп во тенис (0-0)
Мастерс серија на АТП (0-0)
АТП турнеја (1-2)
Резултат Бр. Датум Турнир Површина Партнер Противници Резултат
пораз 1. јули 1987 година Штутгарт, Германија Земја Шведска Магнус Тајдман САД Рик Лич
САД Тим Павсат
3–6, 4–6
Пораз 2. февруари 1988 година Мемфис, САД Тврда(i) Шведска Питер Лундгрен САДКевин Курен
САДДејвид Пејт
2–6, 2–6
Победа 1. мај 1989 година Чарлстон, САД Земја ШведскаТобијас Свантесон Мексико Агустин Морено
Перу Хаиме Изага
6–4, 4–6, 7–5

Временска рамка за изведба на поединечна конкуренција[уреди | уреди извор]

Турнир 1984 1985 1986 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 SR Победа/пораз
Гренд слем турнири
Австралија опен апстиненција апстиненција Не е одигран апстиненција апстиненција 3 коло четврт финале апстиненција апстиненција апстиненција 1 коло 0 / 3 6–3
Франција опен апстиненција апстиненција финале 1 коло 1 коло 1 коло апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 1 коло 0 / 5 6–5
Вимблдон апстиненција апстиненција 4 кол0 4 коло апстиненција 2 коло апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 0 / 3 7–3
САД опен 1 коло 1 коло 2 коло 1 коло 3 коло 4 коло 1 коло 1 коло 1 коло 2 коло апстиненција 0 / 10 7–10
Победи - порази 0–1 0–1 10–3 3–3 2–2 6–4 4–2 0–1 0–1 1–1 0–2 0 / 21 26–21
АТП Мастерс серија
Индијан Велс Турнирите пред 1990 година

не биле од серијата на Мастерс

апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 0 / 0 0–0
Мајами 1 коло апстиненција апстиненција 3 коло апстиненција 0 / 2 2–2
Монте Карло апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 0 / 0 0–0
Рим апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 0 / 0 0–0
Хамбург апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 0 / 0 0–0
Канада апстиненција апстиненција апстиненција победа апстиненција 1 / 1 6–0
Синсинати апстиненција 2 коло апстиненција 1 коло апстиненција 0 / 2 1–2
Стокхолм апстиненција апстиненција апстиненција 2 коло апстиненција 0 / 1 1–1
Париз апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција апстиненција 0 / 0 0–0
Победа- пораз 0–1 1–1 0–0 9–3 0–0 1 / 6 10–5
Рангирање 434 165 12 33 19 48 175 240 234 29 940

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tennishjältarnas liv efter karriären“ (Swedish). Expressen. 12 July 2014. Посетено на 5 February 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]