Марлин Берман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марлин Берман
Роден(а)14 април 1959(1959-04-14)(65 г.)
Полињапсихологија
УстановиУниверзитет Торонто
Институт за наука Вајцман
Универзитет Карнеги Мелон
ОбразованиеУниверзитет Витвотерсранд (B.A., 1981)
Универзитет Витвотерсранд (B.A., 1984)
Универзитет Торонто (Ph.D., 1991)

Марлин Берман (англиски: Marlene Behrmann; р. 14 април 1959) — професор по психологија на Универзитетот Карнеги Мелон. Таа е специјалист во когнитивна невронаука на визуелната перцепција, со специфичен фокус на препознавање на предмети.[1]

Главниот пристап што го користи во своето истражување е да го проучи однесувањето на возрасните луѓе кои претрпеле оштетување на мозокот (обично како последица на мозочен удар или повреда на главата), што селективно влијае на нивната способност да ги спроведат овие процеси. Берман, исто така, спроведува студии за рехабилитација на субјекти со повреди на мозокот со цел да ги третира опсервираните дефицити, што исто така ги расветлува механизмите што лежат во основата на визуелната когниција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „CMU - Behrmann Lab“. www.cmu.edu. Carnegie Mellon University. Посетено на December 16, 2019.