Марвин Компер
Марвин Компер | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 14 јуни 1985 | ||
Роден во | Тибинген, Западна Германија | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | централен одбранбен | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Фјорентина | ||
Број | 5 | ||
Младинска кариера | |||
Борусија Менхенгладбах | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2003-2007 | Б. Менхенгладбах II | 51 | (5) |
2005-2008 | Борусија Менхенгладбах | 31 | (0) |
2008-2013 | Хофенхајм | 157 | (6) |
2013- | Фјорентина | 12 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2008- | Германија | 1 | (0) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 февруари 2012 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15 февруари 2012 |
Марвин Компер (роден на 14 јуни 1985 година во Тибинген) — германски фудбалер кој игра како централен дефанзивец за Фјорентина во Серија А.
Кариера[уреди | уреди извор]
Рана кариера[уреди | уреди извор]
Во текот на сезоната 2002-03, Компер се преселил од младинскиот тим на Штутгарт во аматерскиот тим на Борусија Менхенгладбах. Во 2005 година, тој добил професионален договор. Поради повредите на двајца играчи Филип Демс и репрезентативниот дефанзивец на Германија Марсел Јансен, тој станал редовен играч во есента на 2006 година во Бундеслигата. Во првата половина од сезоната 2007-08, Компер одиграл само три натпревари за Борусија Менхенгладбах. Поради ова, во јануари 2008 година тој го напуштил клубот и потпишал за Хофенхајм 1899.
Хофенхајм[уреди | уреди извор]
Компер дебитирал за Хофенхајм на 1 февруари 2008 во натпревар од 2. Бундеслига против Вехен Виезбаден во кој неговиот тим победил со 2-0. Тој одиграл 17 натпревари во вториот дел од сезоната и бил еден од поважните играчи на клубот кој изборил промоција во 1. Бундеслига. Компер играл и во натпреварот од првото коло од Бундеслигата во сезоната 2008-09, кога Хофенхајм на најдобар можен начин го прославил почетокот на својата прва сезона во Бундеслигата, победувајќи го Енерги Котбус со 3-0 нагости. Својот прв погодок за клубот, Компер го постигнал на 27 септември 2008 во поразот нагостувањето кај Вердер Бремен со 5-4.
Тој бил незаменлив во клубот и во наредните три сезони во Бундеслигата. Но за разлика од претходните сезони кога клубот бил стабилен во средината на табелата, во сезоната 2012-13 тие не почнале добро и се нашле на последното место во лигата. Смената на неколкуте тренери придонела за многу промени и во играчкиот кадар, па кон крајот на јануари 2013 тогашниот тренер Марко Курц го изоставил Компер од тимот ставајќи го во втор план.
Фјорентина[уреди | уреди извор]
На 25 јануари 2013 година, Компер се пресели во редовите на италијанската Фјорентина за сума од 200.000 €.[1]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Марвин Компер Архивирано на 27 август 2011 г. на achtzehn99.de (германски)
- Марвин Компер на kicker.de (германски)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Compper: Florenz statt Hoffenheim“ (германски). kicker.de. 25 January 2013. Посетено на 25 January 2013.