Манастир (античка населба и некропола во Нов Дојран)
„Манастир“
| |
| |
Местоположба | 41°13′33″N 22°42′05″E / 41.22583° СГШ; 22.70139° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Нов Дојран |
Општина | Дојран |
Тип |
|
Период | римско време |
доцноантичко време | |
старохристијанско време | |
Портал „Археологија“ |
Манастир — археолошко наоѓалиште во дојранското село Нов Дојран. Претставува населба и некропола од римското, доцноантичкото и старохристијанското време.
На целиот простор од современата населба, особено на патот за Стар Дојран (Р1105) се утврдени остатоци од темели на градби, базилика, архитектонска пластика, гробови со конструкција од тегули „на две води“ и многубројни археолошки предмети (керамика, монети, накит) и скулптурална пластика. Се претпоставува дека се работи за остатоци од античката населба Тауријана.[1]
Најдените предмети се чуваат во Музејот во Гевгелија и во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 111. ISBN 9989-649-28-6.
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Нов Дојран
- Археолошки наоѓалишта во Општина Дојран
- Археолошки наоѓалишта во Дојранско