Ленка Попоска-Гогоска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ленка Попоска-Гогоска
Роден/а1 февруари 1940
Битуше
Починат/а12 април 2024(2024-04-12) (возр. 84)
Занимањеписателка
НационалностМакедонија
НародностМакедонка
ЖанрПисателка, педагог, професор

Ленка Попоска-Гогоска (1 февруари 1940 - 12 април 2024) — македонска писателка, магистер по педагошки науки и професор во пензија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ленка Попоска-Гогоска е родена во село Битуше, тогашна Дебарска Околија, како последно дете во многудетното семејство на учителот Исаија Попоски. На 12 годишна возраст, се преселила во Скопје каде завршила основно и средно образование, тогашната Учителска школа. Потоа била распределена да биде учителка во селото Пожаране, Гостиварско. Со учителствување продолжила во родното село Битуше, а потоа била префрлена во Гостивар, каде ги поминала плодни години во работа со неколку генерации на деца. Во тој период го продолжила образованието и дипломирала на Педагошката Академија и Педагошкиот факултет во Скопје, каде продолжила со работа.

Во 1989 година го одбрани својот Магистарски труд „Развојот на образованието во Скопје во период од 1944 -1984 година“ и се стекна со звање Магистар на Педагошки науки.

Докторатот и беше во тек на одбрана во 1991 година во Белград на Институтот за педагогија, но заради настанатите состојби, никогаш потоа не го заврши и тој дел од образование.

Професионалната работа и ги одбележува работата како советник во Меѓуопштинскиот завод за развој на образованието на град Скопје во период од 1974 до 1989 година, 15 години плодна работа во насока на развој на педагогијата и дидактиката.

Се пензионираше како професор на Педагошкиот факултет св“ КЛимент Охридски“ во Скопје.

По пензионирањето продолжи со издавачка дејност, го формира Книгоиздателството “Ѕвезда“ и најмногу работеше на создавање дела од областа на педагогијата како и уметничка литература.

Автор е на над 30 книги од областа на педагогијата,[1] меѓу кои учебниците „Педагогија“ и „Дидактика“.

Преведува дела од српски и хрватски, а има објавено и збирки раскази, поезија и неколку романи кои се најплодните нејзини уметнички дела.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

Од уметничката литература, Ленка Попоска-Гогоска ги има издадено книгите:

  • Клуч - трилогија
  • Љубов во пајажина - роман
  • ЕР – ХА негатив - роман
  • Нерамнини - поезија
  • Повеќе од мајка - роман
  • Шапат истине - роман на српски јазик[2]
  • Чувства и разум - збирка раскази

Наводи[уреди | уреди извор]