Кочериново
Кочериново Кочериново | |
---|---|
град | |
Изглед од гратчето | |
Местоположба на Кочериново во Бугарија | |
Координати: 42°5′6.57″N 23°3′23.57″E / 42.0851583° СГШ; 23.0565472° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Ќустендил |
Општина | Кочериново |
Управа | |
• Градоначалник | Иван Минков (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 18,52 км2 (7,15 ми2) |
Надм. вис. | 392 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 2,135 |
• Густина | 120/км2 (300/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 2660 |
Повик. бр. | +359 07053 |
Мреж. место | ob-kocherinovo.bg |
Кочериново (бугарски: Кочериново) — гратче во Западна Бугарија, административен центар на општината Кочериново во Ќустендилската Област. Има население од околу 2.135 жители (2022).[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Гратчето се наоѓа на 90 километри јужно од Софија, во близина на патот кон Рилскиот манастир.
Историја[уреди | уреди извор]
Се верува дека населбата била основана за време на османлискиот период. Името на гратчето потекнува од дијалектниот збор кочерина, што значи „свињарник, дел од барака“. Во 1878 година според одлуките на Берлинскиот конгрес, границата меѓу Кнежеството Бугарија и Отоманската империја била исцртана помеѓу селата Кочериново и Бараково по течението на Рилска Река. Во 1974 година Кочериново било прогласено за град.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Чолева-Димитрова, Анна М. (2002). Селищни имена от Югозападна България: Изследване. Речник (бугарски). София: Пенсофт. стр. 134. ISBN 954-642-168-5. OCLC 57603720.