Корисник:Lazar Pargo

Од Википедија — слободната енциклопедија


ЛАЗАР ПАРГОВСКИ- ПАРГО- СЛАВЕН РЕВОЛУЦИОНЕР ОД ПРЕСПА

ЛАЗАР ПАРГОВСКИ- ПАРГО (02.02.1914- 29.09.1993) е познат револуционер и борец од Преспа. Роден е во Претор, во бракот на Санта и Ѓоргија Парговски. Неговиот татко, бестрашен револуционер од познатиот сој Парго е стрелан откако паднал во раце на османлиити, но откако го фатиле, како на почитуван противник, му ја исполниле последната желба, а тоа е да си го види синот Лазар, кој имал една година. Му го донеле, го држел во своите раце и тоа биле последните мигови пред збогување со животот. Свирепо бил убиен од поробувачите.

По погибијата на татко си, неговата мајка Санта, која е од родот Белевци од Подмочани, се мажи назад во родното село Подмочани, за Насте Магдевски, каде Лазар е прифатен исто како негов роден син. Ја има сестрата Панда и  полусестри.

Парго се историски познат сој, познати по тоа што се спротивставиле на зулумите уште во 18 век.

Но, и Мајката на Лазар, Санта е потомок од револуционерно семејство, сојот Белевци, од каде е и единствениот илинденец од Подмочани Насте Димовски Белевски. Ова семејство подоцна ќе го даде и единствениот делегат од селото во АСНОМ, Ѓорги Ивановски.

***

ЛАЗАР ПАРГО е учесник во НОБ. Во револуционерното движење е вклучен во 1939 година, а потоа и во партизани. Повеќе пати прогонуван, затворан, измачуван.

Но, најтешкиот и најмачен период во животот на Лазар Парго му следува со затворањето од досега сосема непознати и нејасни причини во суровото време на Информбирото, кога се апселе интелектуалците и прогресивната сила. Уапсен е на 7.10.1950 а по две години пуштен од озлогласениот Голи Оток, на 12.08.1952 година.

СЕМЕЈСТВО

Неговите потомци со голема почит се сеќаваат и зборуваат за неговата одважност како Човек, чесност, висок морал, беспрекордно праведен карактер и интелегенцијата која ја поседувал.

Во бракот со Зорка Султана Ристевска (1918-2003) добил два сина и две ќерки.

-Панде (1938-1939)

-Ѓорги (3 Мај 1939)

-Златка (1944- 2022)

-Лепа (24 август 1947)

Животопис

Член на првата партиска келија формирана во Подмочани во септември 1939.

Во септември 1939 година, во училиштето во Подмочани беше одржан состанок на кој беше формирана првата партиска келија во Подмочани. Формирањето на партиската келија на КПЈ го извршиле учителите Ѓорѓи Ивановски и Петар Здравковски. Членови во првиот состав на оваа партиска келија, покрај првите двајца, биле: Вангел Шушевски, Крсте Кечуловски, Лазар Парговски (од средината на ноември), Симо Несторовски, Борис Шушевски, Косте Дојчиновски. Секретар на партиската келија бил учителот Ѓорѓи Ивановски (

( роднина на Лазар).


****

Во средината на ноември 1939 година, во селото Подмочани во просториите на Основното училиште, во присуство на секретарот на ПК КПЈ за Македонија - Блажо Орландиќ, со поканети членови на партиските ќелии на КПЈ од Преспа, одржано е Партиско советување на кое присуствувале: Мите Богоевски од Болно, Крсте Јоновски од Евла, Мите Гајтановски од Златари, Панде Белешовски од Дрмени, учителите Петар Здравковски и Ѓорги Ивановски од Подмочани, и Кире Бутевски од Ресен.

На советувањето било формирано Околиско партиско поверенство, во состав: Ѓорѓи Ивановски - секретар, Петар Здравковски и Крсте Јоновски - членови. Непосредно по советувањето Поверенството воспостави врски со Битолската партиска организација. За време на престојот на Блажо Орландиќ во Подмочани, партиската келија од селото го зголеми својот број со приемот во своите редови на Лазар Парговски, Симо Несторовски, Веса Дојчиновска и Санта Шушевска.

Во април - мај 1940 година во село Подмочани доаѓаат на увид врз работата на партиската организација во Преспа - Сретен Жујовиќ и Светозар Вукмановиќ. Во Подмочани тие беа донесени од Кирил Миљовски и Петар Здравковски.

***

Летото 1940 година во с. Подмочани, во Основното училиште, одржан е партиски состанок на кој присуствуваат: организациониот секретар на ПК КПЈ за Македонија- Перо Ивановски - Тиквар и Добривоје Видиќ - секретар на СКОЈ за Македонија, како и секретарот на партиската организација Ѓорѓи Ивановски и Петар Здравковски.

***

Летото 1941 Лазар Парговски преку Мите Богоевски беше снабден со „открит лист” (пропусница за слободно движење), со кој слободно преминуваше од делот на Преспа окупиран од Бугарите, во делот на Преспа окупиран од Италијаните и обратно, за да му ја предава собраната членарина (Црвен фонд) на Митета.

Во октомври 1941, во куќата на Кечуловци, партиската ќелија во село Подмочани одржа состанок. Лазар Парговски е назначен за секретар на втората партиска келија.

Член на селскиот воен поткомитет формиран во мај 1942.

***

После стрелањето на Косте Кусаковски Лазар и други од селото биле затворени.

Во септември 1943 година Лазар и други од селото бил спроведен во затвор во Ресен.

Во втората половина на ноември 1943 станува член на народноослободителниот одбор во селото.

Подоцна бил уапсен и спроведен во затвор во Корча.

Во април 1944 излегува во партизани.

***

2.930.1.5/5, 29.XII.1944

Уверение

Подмочанскиот Општински Народно Ослободителен Одбор, Ресенска околија, уверават секоја воено и административна власт, оти лицето Крум Димитров Ристески од село Подмочани, е роден 1919 год., служел полн рок о од 18 месеци во бивш. Југословенска држава, понтонер, регрутиран и упатен на отслужување рокот во 1939 годинс. Истиот Крум служел во НОВ на Македонија, од 25.VIII. до 10 Октомври т.г. како Прочелник при овој Н.О. Одбор, служел од 10.X do 23.XII.1944 год. Истиот Крум е бил во затвор 1 месец во времето на Бугарскиот режим во 1943 година, како член и соработник на НОВ на Македонија.

"Ова уверение му се дава за да му послужи каде му станит нужда":

Претседател: * Никодин*

Секретар: * Сотировски

2.930.1.6/6, 17.I.1945

Секретар: Ионче Источки. II Секретар: Иордан Сотировски. Претседател: Лазар Парговски (Магдевски).

2.930.1.8/8-10, 10.II.1945

Конфискување на имот на Миле Талев Берибаковски државен народен злосторник со список на конфискувани предмети.

Членови на Комисијата: 1. М. Мајзовски (Дали е ова Мице Мајзовски (1908-1987)

2. Лазе Дојчиновски

3. Петре Д. ***

Претседател Лазар Парговски

2.930.1.23/40

Фирмите по дуќаните во реонот на овој Општински НОО изменати се од бугарски на наш јазик. 1945 година

Претседател Лазар Парговски

2.930.1.24/41

На овој Општински НОО нема стари фашистички фирми до сега неизменети.

Претседател Лазар Парговски

***

Личности од Подмочани во Битолско-Преспанскиот партизански одред „Даме Груев“

Настани

Во декември 1941 во Ресен пристигнуваат двајца илегалци од Прилепскиот партизански одред: Ѓоре Велкоски - Милан и Илија Игески. Подоцна двајцата илегалци се легализирале и биле прифатени во Подмочани кај Ефтим Ристевски и Киме Шушевски, каде се легализирале како терзии од Струга, кај Борис Србинот (Боривоје Костиќ) кој поседувал шивачка машина. Тие беа поврзани и со партиската келија на селото Подмочани.

Во врска со подготовките за формирање на партизански одред, на територијата на селата Подмочани- Курбиново биле собирани одредени количини волнени преработки, санитетски материјал и друго.

Во с. Јанковец имаше техника за фалсификување на лични карти на кое работеле Илија Спировски и Мите Богоевски. За време на претрес од полицијата Илија Спировски да избега, преминал во с. Подмочани каде што се илегализирал.

Ноќта на 28/29 октомври 1942 групата на Панде Мустакот (Илија Спировски) ја минала границата и се сместиле над село Подмочани од неговата источна страна. Групата на овој терен се задржала неколку дена. Во тие денови сета грижа за исхраната на борците паднала врз грбот на Лазар Парговски и Живко Стефановски од Подмочани.

За Подмочанската група постоела опасност да биде откриена италијанските карабинери, меѓу кои особено се истакнувал Тале (Трајан) Андреевски - Кажановски, пред војната претседател на Подмочанската општина. Во такви услови се планирало во Подмочани да останат само партизаните што потекнувале од селото.

Одредот „Даме Груев“ престојувал во логори во Болно- петринската планина. Бугарите успеале да го дознаат местото. Постојат разни претпоставки како дошло до откривање на локацијата. Тоа можело да биде само од лице што ја знаело локацијата. Јордан Наумовски - Калчо за откривањето на локацијата го кажува следното: „Во септември 1942 од логорот над село Болно дезертира еден борец од Подмочани. Поради тоа Одредот беше принуден да го промени логорот на престојување.“ Истото го потврдува и Илија Спировки, кој го именува дезертерот Крсте Ивковски- Велко, за кое пишува „По неколку дена колебање Крсте ја оставил пушката и покрај Болно заминал за Ресен каде имаше бавча и живеел во колиба. Оттаму замина за Битола, каде легално живеел по капитулацијата на Италија, кога во тој дел на Преспа се проширија бугарските окупатори, премина на нивна страна.

Сепак овие кажувања можат да се сметаат за претпоставки, бидејќи досега не е пронајден веродостоен доказ според кој би можело да се каже дека Крсте Ивковски го провалил местото и логорот. После убиството на Косте Кусаковски, уплашени од претресите по куќите што ги вршеле Италијанците во потрага по партизани, домашните на Ристо Глобочки го наговориле да оди на граничната караула кај Макази и да ѝм се предаде на Бугарите. Тој тоа го сторил и дезертирал. На 20 март 1943, за сите фатени дезертери од Одредот „Даме Груев“ Бугарите организирале судски процес во Битола. Меѓу нив биле и Ристо Глобочки - Мирче (Христо Илиев Иванов) и Крсте Ивковски - Велко (Крсто Иванов) од Подмочани. Судот ги ослободи сите обвинети наводно поради немање докази.

***

На 18 ноември 1942 борците од одредот „Даме Груев“ Косте Кусаковски и Јордан Наумовски добиле задача да извршат атентат врз Трајко Андреевски - Кажановски. Го фатиле Трајко кога бил на лов, го врзале и разоружале. Но, поради нивно невнимание, додека Јордан бил на стража Трајко успеал да се одврзе, го нападнал Костета, го ранил и започнал да бега. Јордан пукал по Трајко но не го погодил.

Кон крајот на месец април 1943 година патрола од одредот „Даме Груев“ заедно со Јордан Наумовски, преку планината Баба се префрлува во село Подмочани, каде што воспоставува врска со активистот Милан Шушевски и се снабдил со храна.

Кон крајот на мај 1943 година во составот на Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“ се приклучил и Јордан Наумовски.

На 4 септември 1944 е формиран Битолско-преспанскиот одред со борци од составот на Седмата македонска бригада. Во с. Подмочани, каде што Седмата бригада стигнала меѓу 3 и 4 октомври 1944, од неа биле издвоени 50 борци кои послужиле како кадар но новиот одред.

***

Подмочани во НОБ

На почетокот на 1941 година во Подмочани е формирана организација на СКОЈ во која членувале Јордан Наумовски, Косте Кусаковски и Живко Стефановски.

На 10 април 1941, по борбата кај Ѓаватски Дервен, меѓу германската и бившо - југословенска војска, Подмочанското семејство Шушевци (Вангел и син му Ѓорѓи) и други, пренесоа и сокрија неколку пушки, кои подоцна беа искористени за вооружување борци од селото што излегоа во партизани во 1942 година.

Во октомври 1941 година во Подмочани членови во СКОЈ биле: Јордан Наумовски, Косте Кусаковски, Круме Ристевски (Роџевски), Живко Камбуровски, Јордан Шушевски, Крсте Фотевски, Милан Шушевски, Ѓорѓи (Георгија, Ѓоргија) Шушевски, Јонче Будак и Живко Стефановски - секретар.

Во октомври 1941, во куќата на Кечуловци, партиската ќелија во село Подмочани одржа состанок во присуство на Јосиф Јосифовски - Ѓорче Свештарот. По негов предлог донесено е решение да се формираат две партиски ќелии од следните членови: Во првата келија: Ефтим Ристевски, Симе Несторовски, Крсте Кечуловски, Киме Шушевски и Мите Кечуловски; во втората келија: Борис Шушевски, Лазар Парговски, Коста Дојчиновски, а од ноември во неа е член и Живко Стефановски. Секретар на првата келија беше Ефтим Ристевски, а на втората Лазар Парговски.

Есента 1941, во куќата на Борис Шушевски во Подмочани, Ефтим Ристевски - секретар на партиската келија во селото, се состана со Кузман Јосифовски - Питу од Прилеп член на ПК КПЈ за Македонија. На состанокот се дискутираше за положбата во делот на Преспа под италијанска окупација.

Есента 1941, радиото на Наум Ристевски од село Подмочани, сместено во куќата на Спиро Ристиќ (Ристевски) (татко на Наумeта, инаку свештеник во селото), се користеше како пропагандно средство за информирање меѓу членовите на КПЈ и прогресивните луѓе за запознавање со настаните и политичката ситуација, во земјата и во светот.

Есента 1941, набавно-потрошувачката задруга во село Подмочани се користеше како место за масовна политичка работа меѓу населението. Со задругата раководеа членови на КП и симпатизери кои беа во одборот на задругата. По директива на Мите Богоевски, за раководител на задругата беше поставен Ефтим Ристевски.[1]:135

Во декември 1941 во Ресен пристигнаа двајца илегалци од Прилепскиот партизански одред: Ѓоре Велкоски - Милан и Илија Игески. Подоцна двајцата илегалци се легализирале и биле прифатени во Подмочани кај Ефтим Ристевски и Киме Шушевски, каде се легализирале како терзии од Струга, кај Борис Србинот (Боривоје Костиќ) кој поседувал шивачка машина. Тие беа поврзани и со партиската келија на селото Подмочани.

Јануари 1942. Во село Подмочани, во присуство на Јосиф Јосифовски - Ѓорче Свештарот (инструктор на ПК KПJ за Македонија) и Ѓоре Велкоски - Косте, формирана е трета келија на КПЈ. Тогаш за членови на КПЈ се примени: Косте Кусаковски, Јордан Кусаковски, Круме Ристевски (Роџевски), Крсте Фотевски и Јонче Лазаревски. Секретар на оваа келијае Живко Стефановски. Подоцна поради пасивизираност од партиската организација испаднаа Круме Ристевски (Роџевски), Крсте Фотевски и Јонче Лазаревски, но истите останаа на врска. Оваа партиска келија постоеше до август 1943 година.

Февруари - март 1942. Ефтим Ристевски од село Подмочани, минувајќи по граничниот појас (по партиска задача), беше фатен од бугарската воена патрола и приведен во граничната караула кај ресенските гробишта. Таму беше сослушан и малтретиран, му беше одземен „откритиот лист” во кој стоеше дека живее во село Сопотско, а беше му го издал  Мите Богоевски, тогаш вработен во Општината Јанковец.

Во мај 1942 година, по директива на Реонскиот комитет, во село Подмочани е формиран селски воен поткомитет во состав: Живко Стефановски, Лазар Парговски и Киме Шушевски.

На 6 јули 1942 беше формиран Битолско-Преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Во Одредот биле вклучени следните личности од Подмочани:

Ристо Глобочки - Мирче, 08. до 11.1942. Дезертирал. Живеел во Скопје.

Крсте Ивковски - Велко. 08. до 09.1942. Дезертирал. Живеел во Ресен.

Јордан Наумовски - Калчо. 08.1942 до 18.08.1943. Живеел во Скопје.

Ефтим Ристевски. 06. до 18.08.1943. Живеел во Скопје.

Живко Стефановски. 06. до 17.07.1943. Живеел во Скопје.

Косте Кусаковски - Славе. 08. до 11.1942. Стрелан од Италијанскиот окупатор.

Летото 1942 година, партиската келија на село Подмочани организира неуспешен атентат врз претседателот на општината - злогласен соработник на италијанскиот фашистички окупатор. Атентатот го извршија младинците комунисти во куќата на Јоне Колевски. Претседателот ја напушти Преспа и замина за Албанија.

На 15 јуни 1942, со помош на Косте Кусаковски и Јонче Митревски (Курбински?), двајцата од Подмочани, група илегалци од Преспа ја преминале демаркационата линија и се сместиле во Коријата над с. Сопотско.

Во јули 1942 од италијанската полиција беа притворени Ефтим Ристевски и Симо Несторовски во полиција во Царев Двор. Поради немање докази беа ослободени.

Во август 1942 Ефтим Ристевски повторно е затворен во Подмочани и спроведен во Корчанскиот затвор.

На 28 август 1942 во Подмочани пристигна Јосиф Јосифовски - Свештарот и Илија Игевски - Цветан. Договорено беше неколку членови на ПЈ да излезат во партизани: Косте Кусаковски, Крсте Ивковски, Јордан Наумовски и Ристо Глобочки. Привремено престојувале во с. Сопотско во месноста „Радјо Долиште“, а потоа беа префрлени во с. Болно кај месноста „Врбица“.

На 7 септември 1942 Науме Ристевски од с. Подмочани - член на КПЈ и учител во Сопотско, беше уапсен од бугарската полиција и спроведен во затворот во Битола, каде беше сослушуван и измачуван.

Во септември 1942 во с. Подмочани албанските власти уапсија членови на КПЈ и други напредни луѓе, и тоа: Јордан Шушевски, Борис Шушевски, Симо Несторовски, Цветко Кусаковски, и уште 15 други лица.

Одредот „Даме Груев“ престојувал во логори во Болно-петринската планина. Бугарите успеале да го дознаат местото. Постојат разни претпоставки како дошло до откривање на локацијата. Тоа можело да биде само од лице што ја знаело локацијата. Јордан Наумовски - Калчо за откривањето на локацијата го кажува следното: „Во септември 1942 од логорот над с. Болно дезертира еден борец од Подмочани. Поради тоа Одредот беше принуден да го промени логорот на престојување.“ Истото го потврдува и Илија Спировски, кој го именува дезертерот Крсте Ивковски - Велко, за кое пишува „По неколку дена колебање Крсте ја оставил пушката и покрај Болно заминал за Ресен каде имаше бавча и живеел во колиба. Оттаму замина за Битола, каде легално живеел по капитулацијата на Италија, кога во тој дел на Преспа се проширија бугарските окупатори, премина на нивна страна.

Вечерта спроти Митровден, 7 ноември 1942, групата на Илија Спировски од одредот „Даме Груев“, додека селаните го прославувале Митровден, во услови на силен дожд и секавица, партизаните поголем дел од ноќта ја поминале барајќи ја колибата во лозјето на Филип Магдевски (дедо на Лазар, татко на Насте Магдевски). Сета грижа за исхраната на борците паднала врз грбот на Живко Стефановски и Лазар Парговски од Подмочани.

На 18 ноември 1942 борците од одредот „Даме Груев“ Косте Кусаковски и Јордан Наумовски добиле задача да извршат атентат врз Трајко Андреевски - Кажановски. Го фатиле Трајко кога бил на лов, го врзале и разоружиле. Но, поради нивно невнимание, додека Јордан бил на стража Трајко успеал да се одврзе, го нападнал Костета Кусаковски, го ранил и започнал да бега. Јордан пукал по Трајко но не го погодил.

На 22 ноември 1942 година, пред насилно насобраното население во с. Подмочани беше јавно стрелан Косте Кусаковски.

После апсењето на Косте Кусаковски од Подмочани биле затворени и лицата: Лазе Парговски, Лазо Дојчиновски, Алексо Пржевски, Милан Стојчевски, а на Цветко Наумовски (таткото на Јордан Наумовски) му била запалена куќата.

После убиството на Косте Кусаковски, уплашени од претресите по куќите што ги вршеле Италијанците во потрага по партизани, домашните на Ристо Глобочки го наговориле да оди на граничната караула кај Макази и да им се предаде на Бугарите. Тој тоа го сторил и дезертирал. На 20 март 1943, за сите фатени дезертери од Одредот „Даме Груев“ Бугарите организирале судски процес во Битола. Меѓу нив биле и Ристо Глобочки - Мирче (Христо Илиев Иванов) и Крсте Ивковски - Велко (Крсто Иванов) од Подмочани. Судот ги ослободи сите обвинети наводно поради немање докази.

На 2 јуни 1943 во месноста меѓу Езерени и Подмочаниубиен е Трајко Кажановски.

Во септември 1943 по капитулацијата на Италија и навлегувањето на бугарските окупатори во тој дел на Преспа, од Подмочани биле фатени и спроведени во затвор во Ресен следните лица: Борис Шушевски, Лазар Парговски, Алексо Пржевски, Мите Кечуловски, Крсте Кечуловски, Панде Стефановски, Јонче Пржевски, Мите Шушевски, Такија Ристевски, Сандре Ивановски, Боривоје Костиќ, Круме Ристевски, Милан Шушевски, Јордан Шушевски, Ристо Глобочки, Киме Шушевски. Потоа во интернација беа спроведени Василка Ивановска, Милица Стефановска, Флора Шушевска, Гена и Милева Шушевска.

Во извештај од 13.09.1943 година на член на Главниот Штаб на НОВ за Македонија до Светозар Вукмановиќ-Темпомеѓу другото пишува: „Драги друже Темпо,... После тоа била нападната бугарската полициска станица кај Подмочани, но без никаков резултат. По половина час борба, четата се повлече. Бугарите дадоа голем отпор. Тие беа вкопани и беше тешко да им се приближи без жртви.“

Во втората половина на ноември 1943 во Подмочани народно-ослободителниот одбор го сочинуваа: Лазар Парговски, Крсте Кечуловски и Мите Кечуловски.

Во јануари 1944 во Подмочани активно работи младинската група во која членуваат: Милева Шушевска, Гена Шушевска, Милан Шушевски, Вите Гаџовски, Сандре Ивановски, Никола Шушевски, Живка Зацевска. Со активот на жените, кој покасно се формира во Подмочани, активно работи Веса Дојчиновска.

Во април 1944 од Подмочани излегоа група партизани, и тоа: Симе Несторовски - Џаџан, Лазо Дојчиновски, Лазар Парговски, Владо Попчевски, Џемаил Батовски.

На 31 мај 1944 упасен и убиен од бугарската полиција Панде Стефановски, таткото на Живко Стефановски.

Во мај 1944 биле интернирани од фамилијата на Живко Стефановски - братот Петре, мајката Мила, сестрата Душанка. Од фамилијата на Ѓорѓи В. Шушевски - мајката Флоринка и сестрите Гена и Милева. Потоа и Василка Ивановска била интернирана во Албанија.

Додека фамилиите од Подмочани биле во интернација, во организација на Активот на жените (Веса Дојчиновска, Зорка Мицалевска, Веса Кусаковска) и една група младинци, било организирана доброволна акција за извршување на земјоделските работи на интернираните партизански семејства. Истата акција ја спроведувале и кај фамилиите кои имале загинати борци.

Кон половината на месец јуни 1944 во Подмочани обновен и формиран е првиот народно-ослободителен одбор во состав Крсте Кечуловски, Мите Кечуловски, Цветко Кусаковски.

На 2 август 1944 на Првото заседание на АСНОМ бил присутен Ѓорѓи Ивановски.

На 4 август 1944 во месноста „Осој“ над с. Подмочани Околискиот комитет на КПМ за Ресен и Ресенско одржа состанок. На истиот ден Кире Дојчиновски станува член на Околискиот комитет на СКОЈ за Ресен и Ресенско.

Во август 1944 формиран е народно-ослободителен одбор во состав: Мите Кечуловски, Јоне Китанчевски, Науме Калунџиевски, Крсте Белевски, Цветко Кусаковски.

Ноќта меѓу 3 и 4 септември 1944, за време на маршот на Седмата бригада, од с. Подмочани одделен е новиот состав на Одредот и испратен најнапред во базата на Караорман за добивање оружје.

Бригадата ги нападнала позициите на бугарските сили на просторот во Подмочани и го ослободиле селото на 7 септември 1944. Единиците на Седмата македонска бригада ноќта меѓу 6 и 7 септември пристигнаа во с. Подмочани. Првиот баталјон на Седмата бригада се утврди на просторот меѓу двете Горици (Подмочанската и Белоцрквенската). Бугарската војска - околу 300 војници и 55-от бугарски полк, на 7 септември утрото, започнала да се повлекува во правецот на Макази. При тоа Првиот баталјон на Седмата бригада стапи во дејство и ги гонеше се до селото Козјак, а бугарската војска во панично бегство отстапуваше кон планината Баба, оставајќи воена опрема, ќебиња и друго кое беше запленето, а потоа поделено на населението во селото.

На 11 септември 1944 формиран е Општински народно-ослободителен одбор за Општина Подмочани. Претседател на одборот бил Никола Парговски од Претор, а секретар Јордан Ивановски.

На 13 септември 1944 формиран е Општински комитет на КПМ за Општина Подмочани. Член е Круме Ристевски (Роџевски).

На 12 спроти 13 септември 1944 во Подмочани е фатен Трајко Андоновски - Комитот, пред војната емигрант во Бугарија, контрачетник од село Царев Двор. Него органите на НОВ го сослушуваа во селското училиште. Потоа е пренесен во партизанската база во село Љубојно каде е осуден на смрт и ликвидиран, заедно со Киме Златаров, соработник на окупаторите, од Подмочани.:328

На 15 септември 1944 во с. Подмочани е откриен Цане Сарафов (Серафим) од с. Лера. Бил бугарски соработник. Во селото бил препознат од група борци, фатен и сослушан во селското училиште, а потоа бил одведен во базата во с. Љубојно, каде бил осуден на смрт и ликвидиран.

На 12 октомври 1944 во реонот на с. Подмочани формиран е Околиски народно-ослободителен фронт на Ресенска околија.

На Вториот конгрес на НОМСМ, кој се одржа во јануари 1945 учествуваше Живко Митревски, од младинската организација на с. Подмочани.

Во февруари 1945 Милева Шушевска е избрана во новиот состав на Околискиот комитет на КПМ одговорна за АФЖ.

***

На 2 август 1944 година се одржа Првото заседание на АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчински. Ѓорѓи Ивановски од село Подмочани е еден од делегатите. Ѓорѓи Ивановски е роден е на 25 октомври 1913 година во Подмочани, кој по војната е избран за пратеник во Уставотворното собрание на НР Македонија. Потоа тој е потпретседател на Сојузот на просветните работници на Социјалистичка Република Македонија. Работи во Заводот за развој на воспитно-образовната работа

Тој е син на Илинденецот Насте Димовски Белевски, исто од Подмочани.

Насте Белевски е дедо по мајката Санта на Лазар, а Ѓорги Ивановски е негов братучед.

Околиски комитет на КПЈ за Ресен и Ресенско.

Април-мај 1939

Ѓорѓи Ивановски - секретар

Петар Здравковски

Крсте Јоновски

Мите Богоевски

Јонче Трповски

Партиска организација на КПЈ во Подмочани формирана во селското училиште. Септември 1939:

Ѓорѓи Ивановски - секретар

Петар Здравковски

Вангел Шушевски

Крсте Кечуловски

Лазар Парговски

Вангел Шушевски

Симо Несторовски

Косте Дојчиновски

Состав на организацијата на КПЈ во 1941-1942

Прва партиска организација:

Ефтим Ристевски - секретар

Симо Несторовски

Мите Кечуловски

Крсте Кечуловски

Киме Шушевски

Втора партиска организација:

Лазар Парговски - секретар

Косте Дојчиновски

Борис Шушевски

Живко Стефановски

Трета партиска организација, од јануари 1942:

Живко Стефановски

Косте Кусаковски

Јордан Наумовски

Круме Ристевски (Роџевски)

Крсте Фотевски

Јонче Лазаревски

Народноослободителен комитет. Формиран ноември 1943:

Лазар Парговски

Мите Кечуловски

Крсте Кечуловски

Ламбе Кечуловски

Науме Кечуловски

Мите Кечуловски

Цветко Кусаковски

Јонче Китанчевски

Подмочани во НОБ[уреди | уреди извор]

  • На почетокот на 1941 година во Подмочани е формирана организација на СКОЈ во која членувале Јордан Наумовски, Косте Кусаковски и Живко Стефановски.
  • На 10 април 1941, по борбата кај Ѓаватски Дервен, меѓу германската и бившо - југословенска војска, Подмочанското семејство Шушевци (Вангел и син му Ѓорѓи) и други, пренесоа и сокрија неколку пушки, кои подоцна беа искористени за вооружување борци од селото што излегоа во партизани во 1942 година.
  • Во октомври 1941 година во Подмочани членови во СКОЈ биле: Јордан Наумовски, Косте Кусаковски, Круме Ристевски (Роџевски), Живко Камбуровски, Јордан Шушевски, Крсте Фотевски, Милан Шушевски, Ѓорѓи (Георгија, Ѓоргија) Шушевски, Јонче Будак и Живко Стефановски - секретар.
  • Во октомври 1941, во куќата на Кечуловци, партиската ќелија во село Подмочани одржа состанок во присуство на Јосиф Јосифовски - Ѓорче Свештарот. По негов предлог донесено е решение да се формираат две партиски ќелии од следните членови: Во првата келија: Ефтим Ристевски, Симе Несторовски, Крсте Кечуловски, Киме Шушевски и Мите Кечуловски; во втората келија: Борис Шушевски, Лазе Парговски, Коста Дојчиновски, а од ноември во неа е член и Живко Стефановски. Секретар на првата келија беше Ефтим Ристевски, а на втората Лазе Парговски.
  • Есента 1941, во куќата на Борис Шушевски во Подмочани, Ефтим Ристевски - секретар на партиската келија во селото, се состана со Кузман Јосифовски - Питу од Прилеп член на ПК КПЈ за Македонија. На состанокот се дискутираше за положбата во делот на Преспа под италијанска окупација.
  • Есента 1941, радиото на Наум Ристевски од село Подмочани, сместено во куќата на Спиро Ристиќ (Ристевски) (татко на Наумeта, инаку свештеник во селото), се користеше како пропагандно средство за информирање меѓу членовите на КПЈ и прогресивните луѓе за запознавање со настаните и политичката ситуација, во земјата и во светот.
  • Есента 1941, набавно-потрошувачката задруга во село Подмочани се користеше како место за масовна политичка работа меѓу населението. Со задругата раководеа членови на КП и симпатизери кои беа во одборот на задругата. По директива на Мите Богоевски, за раководител на задругата беше поставен Ефтим Ристевски.:135
  • Во декември 1941 во Ресен пристигнаа двајца илегалци од Прилепскиот партизански одред: Ѓоре Велкоски - Милан и Илија Игески. Подоцна двајцата илегалци се легализирале и биле прифатени во Подмочани кај Ефтим Ристевски и Киме Шушевски, каде се легализирале како терзии од Струга, кај Борис Србинот (Боривоје Костиќ) кој поседувал шивачка машина. Тие беа поврзани и со партиската келија на селото Подмочани.
  • Јануари 1942. Во село Подмочани, во присуство на Јосиф Јосифовски - Ѓорче Свештарот (инструктор на ПК KПJ за Македонија) и Ѓоре Велкоски - Косте, формирана е трета келија на КПЈ. Тогаш за членови на КПЈ се примени: Косте Кусаковски, Јордан Кусаковски, Круме Ристевски (Роџевски), Крсте Фотевски и Јонче Лазаревски. Секретар на оваа келијае Живко Стефановски. Подоцна поради пасивизираност од партиската организација испаднаа Круме Ристевски (Роџевски), Крсте Фотевски и Јонче Лазаревски, но истите останаа на врска. Оваа партиска келија постоеше до август 1943 година.
  • Февруари - март 1942. Ефтим Ристевски од село Подмочани, минувајќи по граничниот појас (по партиска задача), беше фатен од бугарската воена патрола и приведен во граничната караула кај ресенските гробишта. Таму беше сослушан и малтретиран, му беше одземен „откритиот лист” во кој стоеше дека живее во село Сопотско, а беше му го издал  Мите Богоевски, тогаш вработен во Општината Јанковец.
  • Во мај 1942 година, по директива на Реонскиот комитет, во село Подмочани е формиран селски воен поткомитет во состав: Живко Стефановски, Лазе Парговски и Киме Шушевски.:160
  • На 6 јули 1942 беше формиран Битолско-Преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Во Одредот биле вклучени следните личности од Подмочани:
    1. Ристо Глобочки - Мирче, 08. до 11.1942. Дезертирал. Живеел во Скопје.
    2. Крсте Ивковски - Велко. 08. до 09.1942. Дезертирал. Живеел во Ресен.
    3. Јордан Наумовски - Калчо. 08.1942 до 18.08.1943. Живеел во Скопје.
    4. Ефтим Ристевски. 06. до 18.08.1943. Живеел во Скопје.
    5. Живко Стефановски. 06. до 17.07.1943. Живеел во Скопје.
    6. Косте Кусаковски - Славе. 08. до 11.1942. Стрелан од Италијанскиот окупатор.
  • Летото 1942 година, партиската келија на село Подмочани организира неуспешен атентат врз претседателот на општината - злогласен соработник на италијанскиот фашистички окупатор. Атентатот го извршија младинците комунисти во куќата на Јоне Колевски. Претседателот ја напушти Преспа и замина за Албанија.
  • На 15 јуни 1942, со помош на Косте Кусаковски и Јонче Митревски (Курбински?), двајцата од Подмочани, група илегалци од Преспа ја преминале демаркационата линија и се сместиле во Коријата над с. Сопотско.:162
  • Во јули 1942 од италијанската полиција беа притворени Ефтим Ристевски и Симо Несторовски во полиција во Царев Двор. Поради немање докази беа ослободени.:167
  • Во август 1942 Ефтим Ристевски повторно е затворен во Подмочани и спроведен во Корчанскиот затвор.
  • На 28 август 1942 во Подмочани пристигна Јосиф Јосифовски - Свештарот и Илија Игевски - Цветан. Договорено беше неколку членови на ПЈ да излезат во партизани: Косте Кусаковски, Крсте Ивковски, Јордан Наумовски и Ристо Глобочки. Привремено престојувале во с. Сопотско во месноста „Радјо Долиште“, а потоа беа префрлени во с. Болно кај месноста „Врбица“.
  • На 7 септември 1942 Науме Ристевски од с. Подмочани - член на КПЈ и учител во Сопотско, беше уапсен од бугарската полиција и спроведен во затворот во Битола, каде беше сослушуван и измачуван.
  • Во септември 1942 во с. Подмочани албанските власти уапсија членови на КПЈ и други напредни луѓе, и тоа: Јордан Шушевски, Борис Шушевски, Симо Несторовски, Цветко Кусаковски, и уште 15 други лица.:186
  • Одредот „Даме Груев“ престојувал во логори во Болно-петринската планина. Бугарите успеале да го дознаат местото. Постојат разни претпоставки како дошло до откривање на локацијата. Тоа можело да биде само од лице што ја знаело локацијата. Јордан Наумовски - Калчо за откривањето на локацијата го кажува следното: „Во септември 1942 од логорот над с. Болно дезертира еден борец од Подмочани. Поради тоа Одредот беше принуден да го промени логорот на престојување.“ Истото го потврдува и Илија Спировски, кој го именува дезертерот Крсте Ивковски - Велко, за кое пишува „По неколку дена колебање Крсте ја оставил пушката и покрај Болно заминал за Ресен каде имаше бавча и живеел во колиба. Оттаму замина за Битола, каде легално живеел по капитулацијата на Италија, кога во тој дел на Преспа се проширија бугарските окупатори, премина на нивна страна.
  • Вечерта спроти Митровден, 7 ноември 1942, групата на Илија Спировски од одредот „Даме Груев“, додека селаните го прославувале Митровден, во услови на силен дожд и секавица, партизаните поголем дел од ноќта ја поминале барајќи ја колибата во лозјето на Филип Магдевски. Сета грижа за исхраната на борците паднала врз грбот на Живко Стефановски и Лазе Парговски од Подмочани.
  • На 18 ноември 1942 борците од одредот „Даме Груев“ Косте Кусаковски и Јордан Наумовски добиле задача да извршат атентат врз Трајко Андреевски - Кажановски. Го фатиле Трајко кога бил на лов, го врзале и разоружиле. Но, поради нивно невнимание, додека Јордан бил на стража Трајко успеал да се одврзе, го нападнал Костета Кусаковски, го ранил и започнал да бега. Јордан пукал по Трајко но не го погодил.
  • На 22 ноември 1942 година, пред насилно насобраното население во с. Подмочани беше јавно стрелан Косте Кусаковски.
  • После апсењето на Косте Кусаковски од Подмочани биле затворени и лицата: Лазе Парговски, Лазо Дојчиновски, Алексо Пржевски, Милан Стојчевски, а на Цветко Наумовски (таткото на Јордан Наумовски) му била запалена куќата.
  • После убиството на Косте Кусаковски, уплашени од претресите по куќите што ги вршеле Италијанците во потрага по партизани, домашните на Ристо Глобочки го наговориле да оди на граничната караула кај Макази и да им се предаде на Бугарите. Тој тоа го сторил и дезертирал. На 20 март 1943, за сите фатени дезертери од Одредот „Даме Груев“ Бугарите организирале судски процес во Битола. Меѓу нив биле и Ристо Глобочки - Мирче (Христо Илиев Иванов) и Крсте Ивковски - Велко (Крсто Иванов) од Подмочани. Судот ги ослободи сите обвинети наводно поради немање докази.
  • На 2 јуни 1943 во месноста меѓу Езерени и Подмочаниубиен е Трајко Кажановски.
  • Во септември 1943 по капитулацијата на Италија и навлегувањето на бугарските окупатори во тој дел на Преспа, од Подмочани биле фатени и спроведени во затвор во Ресен следните лица: Борис Шушевски, Лазе Парговски, Алексо Пржевски, Мите Кечуловски, Крсте Кечуловски, Панде Стефановски, Јонче Пржевски, Мите Шушевски, Такија Ристевски, Сандре Ивановски, Боривоје Костиќ, Круме Ристевски, Милан Шушевски, Јордан Шушевски, Ристо Глобочки, Киме Шушевски. Потоа во интернација беа спроведени Василка Ивановска, Милица Стефановска, Флора Шушевска, Гена и Милева Шушевска.
  • Во извештај од 13.09.1943 година на член на Главниот Штаб на НОВ за Македонија до Светозар Вукмановиќ-Темпомеѓу другото пишува: „Драги друже Темпо,... После тоа била нападната бугарската полициска станица кај Подмочани, но без никаков резултат. По половина час борба, четата се повлече. Бугарите дадоа голем отпор. Тие беа вкопани и беше тешко да им се приближи без жртви.“
  • Во втората половина на ноември 1943 во Подмочани народно-ослободителниот одбор го сочинуваа: Лазе Парговски, Крсте Кечуловски и Мите Кечуловски.
  • Во јануари 1944 во Подмочани активно работи младинската група во која членуваат: Милева Шушевска, Гена Шушевска, Милан Шушевски, Вите Гаџовски, Сандре Ивановски, Никола Шушевски, Живка Зацевска. Со активот на жените, кој покасно се формира во Подмочани, активно работи Веса Дојчиновска.
  • Во април 1944 од Подмочани излегоа група партизани, и тоа: Симе Несторовски - Џаџан, Лазо Дојчиновски, Лазе Парговски, Владо Попчевски, Џемаил Батовски.
  • На 31 мај 1944 упасен и убиен од бугарската полиција Панде Стефановски, таткото на Живко Стефановски.
  • Во мај 1944 биле интернирани од фамилијата на Живко Стефановски - братот Петре, мајката Мила, сестрата Душанка. Од фамилијата на Ѓорѓи В. Шушевски - мајката Флоринка и сестрите Гена и Милева. Потоа и Василка Ивановска била интернирана во Албанија.:304
  • Додека фамилиите од Подмочани биле во интернација, во организација на Активот на жените (Веса Дојчиновска, Зорка Мицалевска, Веса Кусаковска) и една група младинци, било организирана доброволна акција за извршување на земјоделските работи на интернираните партизански семејства. Истата акција ја спроведувале и кај фамилиите кои имале загинати борци.
  • Кон половината на месец јуни 1944 во Подмочани обновен и формиран е првиот народно-ослободителен одбор во состав Крсте Кечуловски, Мите Кечуловски, Цветко Кусаковски.
  • На 2 август 1944 на Првото заседание на АСНОМ бил присутен Ѓорѓи Ивановски.
  • На 4 август 1944 во месноста „Осој“ над с. Подмочани Околискиот комитет на КПМ за Ресен и Ресенско одржа состанок. На истиот ден Кире Дојчиновски станува член на Околискиот комитет на СКОЈ за Ресен и Ресенско.
  • Во август 1944 формиран е народно-ослободителен одбор во состав: Мите Кечуловски, Јоне Китанчевски, Науме Калунџиевски, Крсте Белевски, Цветко Кусаковски.
  • Ноќта меѓу 3 и 4 септември 1944, за време на маршот на Седмата бригада, од с. Подмочани одделен е новиот состав на Одредот и испратен најнапред во базата на Караорман за добивање оружје.
  • Бригадата ги нападнала позициите на бугарските сили на просторот во Подмочани и го ослободиле селото на 7 септември 1944. Единиците на Седмата македонска бригада ноќта меѓу 6 и 7 септември пристигнаа во с. Подмочани. Првиот баталјон на Седмата бригада се утврди на просторот меѓу двете Горици (Подмочанската и Белоцрквенската). Бугарската војска - околу 300 војници и 55-от бугарски полк, на 7 септември утрото, започнала да се повлекува во правецот на Макази. При тоа Првиот баталјон на Седмата бригада стапи во дејство и ги гонеше се до селото Козјак, а бугарската војска во панично бегство отстапуваше кон планината Баба, оставајќи воена опрема, ќебиња и друго кое беше запленето, а потоа поделено на населението во селото.
  • На 11 септември 1944 формиран е Општински народно-ослободителен одбор за Општина Подмочани. Претседател на одборот бил Никола Парговски од Претор, а секретар Јордан Ивановски.
  • На 13 септември 1944 формиран е Општински комитет на КПМ за Општина Подмочани. Член е Круме Ристевски (Роџевски).
  • На 12 спроти 13 септември 1944 во Подмочани е фатен Трајко Андоновски - Комитот, пред војната емигрант во Бугарија, контрачетник од село Царев Двор. Него органите на НОВ го сослушуваа во селското училиште. Потоа е пренесен во партизанската база во село Љубојно каде е осуден на смрт и ликвидиран, заедно со Киме Златаров, соработник на окупаторите, од Подмочани.:328
  • На 15 септември 1944 во с. Подмочани е откриен Цане Сарафов (Серафим) од с. Лера. Бил бугарски соработник. Во селото бил препознат од група борци, фатен и сослушан во селското училиште, а потоа бил одведен во базата во с. Љубојно, каде бил осуден на смрт и ликвидиран.
  • На 12 октомври 1944 во реонот на с. Подмочани формиран е Околиски народно-ослободителен фронт на Ресенска околија.
  • На Вториот конгрес на НОМСМ, кој се одржа во јануари 1945 учествуваше Живко Митревски, од младинската организација на с. Подмочани.
  • Во февруари 1945 Милева Шушевска е избрана во новиот состав на Околискиот комитет на КПМ одговорна за АФЖ.:354
  • ***

На 2 август 1944 година се одржа Првото заседание на АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчински. Ѓорѓи Ивановски од село Подмочани е еден од делегатите. Ѓорѓи Ивановски е роден е на 25 октомври 1913 година во Подмочани, кој по војната е избран за пратеник во Уставотворното собрание на НР Македонија. Потоа тој е потпретседател на Сојузот на просветните работници на Социјалистичка Република Македонија. Работи во Заводот за развој на воспитно-образовната работа

Тој е син на Илинденецот Насте Димовски Белевски, исто од Подмочани.

Насте Белевски е дедо по мајката Санта на Лазар, а Ѓорги Ивановски е негов братучед.

Околиски комитет на КПЈ за Ресен и Ресенско. Април-мај 1939[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорѓи Ивановски - секретар
  2. Петар Здравковски
  3. Крсте Јоновски
  4. Мите Богоевски
  5. Јонче Трповски

Партиска организација на КПЈ во Подмочани формирана во селското училиште. Септември 1939:

  1. Ѓорѓи Ивановски - секретар
  2. Петар Здравковски
  3. Вангел Шушевски
  4. Крсте Кечуловски
  5. Лазар Парговски
  6. Вангел Шушевски
  7. Симо Несторовски
  8. Косте Дојчиновски

Состав на организацијата на КПЈ во 1941-1942

Прва партиска организација:

  1. Ефтим Ристевски - секретар
  2. Симо Несторовски
  3. Мите Кечуловски
  4. Крсте Кечуловски
  5. Киме Шушевски

Втора партиска организација:

  1. Лазар Парговски - секретар
  2. Косте Дојчиновски
  3. Борис Шушевски
  4. Живко Стефановски

Трета партиска организација, од јануари 1942:

  1. Живко Стефановски
  2. Косте Кусаковски
  3. Јордан Наумовски
  4. Круме Ристевски (Роџевски)
  5. Крсте Фотевски
  6. Јонче Лазаревски

Народноослободителен комитет. Формиран ноември 1943:

  1. Лазар Парговски
  2. Мите Кечуловски
  3. Крсте Кечуловски
  4. Ламбе Кечуловски
  5. Науме Кечуловски
  6. Мите Кечуловски
  7. Цветко Кусаковски
  8. Јонче Китанчевски

Наводи

↑ Државен архив на Република Македонија. Одделение Битола. Фонд 934.

↑ Државен архив на Република Македонија. Одделение Битола. Фонд 930.

Категорија: Записник

Ѓорги Танковски - Лилин, Јован Д. Кочановски. Битолско-Преспански одред „Даме Груев“ (1942-1944). Друштво за наука и уметност - Битола, 1998

Владо А. Ивановски, Ѓорги Танковски - Лилин, Кице Јанкуловски. Хронологија на настаните во Преспа (1912-1944). Киро Дандаро, Битола 1995.

Професор Гоце Митревски

Валентина Ѓоргиевска Парго