Козета и Гаврош (книга)
Козета и Гаврош е книга од францускиот писател Виктор Иго. Книгата е објавена на македонски јазик од страна на издавачкото претпријатие „Македонска книга“ од Скопје во 1970 година, во превод на Борис Благоевски („Козета“) и Славко Даскалов („Гаврош“).
Технички податоци[уреди | уреди извор]
Книгата има 149 страници и не е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ ниту пак го поседува меѓународниот број ISBN број 978-608-65193-4-6. Јазичното уредување на текстот е дело на Евтим Манев, технички уредник е Коста Бојаџиевски, нацртот на корицата и илустрациите во книгата се дело на Александар Каевски, а коректурата ја извршиле Вера Арсова и Катерина Тошева. Книгата е испечатена во печатницата „Нова Македонија“ од Скопје, во 10.000 примероци.[1]
Содржина[уреди | уреди извор]
Книгата „Козета и Гаврош“, всушност, претставува извадок од романот „Клетници“ на Иго. Книгата е поделена на два дела: „Козета“ и „Гаврош“. На крајот од книгата се наоѓа куса белешка за писателот, која не е потпишана.
Козета[уреди | уреди извор]
Во „Козета“ се содржат следниве поглавја:[2]
- Средба на две мајки
- Чучулига
- Мајка ѝ на Козета
- Прашањето за вода во Монфермеј
- Виното треба за луѓе, а водата за коњи
- Куклата на Козета
- Сама в шума
- Козета и непознатиот
- Сиромав или богат
- Тенардие на дело
- Кој бара многу...
- Среќата на Козета.
Гаврош[уреди | уреди извор]
„Гаврош“ ги содржи следниве поглавја:[3]
- Париските гамени
- Гаврош со други момченца
- Во слонот
- Гаврош оди да се бори
- Гаврош е таму каде што се градат барикади
- Ноќна барикадата
- Јуриш
- Малиот јунак