Келтскиот самрак
„Келтскиот самрак“ (англиски: The Celtic Twilight) - збирка куси раскази на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс, напишани во периодот од 1892 до 1902 година. Првото издание на книгата било објавено во 1893 година.
Содржина[уреди | уреди извор]
Збирката ги содржи следниве раскази:[1]
- Раскажувач на прикаски
- Верувања и неверувања
- Смртна помош
- Визионер
- Селски духови
- „Правта го склопи окото еленово“
- Витезот на овците
- Истрајно срце
- Маѓосниците
- Ѓаволот
- Среќни и несреќни теолози
- Последниот гуслар
- Regina, regina pigmeorum, veni
- „И красни, крволочни жени“
- Магични шуми
- Чудесни суштества
- Аристотел од книгите
- Боговското прасе
- Глас
- Грабнувачи
- Неуморните
- Земја, оган и вода
- Стариот град
- Човекот и чизмите
- Страшливец
- Тројцата О'Брновци и злобните самовили
- Драмклиф и Роузес
- Дебелиот череп на среќлиите
- Религијата на морјанинот
- Во однос на блискоста едни до други на рајот, земјата и чистилиштето
- Јадачите на бесценици
- Богородица ридска
- Златното доба
- Приговор до Шкотите оти им го расипале наравот на нивните духови и самовили
- Војна
- Кралицата и шутот
- Пријателите на луѓето од Самовилска
- Сништа без поука
- Крајпат
Инаку, збирката почнува со песната „Самовилската војска“, а завршува со песната „Во самракот“. Покрај тоа, книгата содржи и предговор, насловен како „За книгава“, во два дела, првиот датиран во 1893 година, а вториот дел од 1902 година.
Осврт кон книгата[уреди | уреди извор]
Во првиот дел од предговорот кон збирката, самиот автор забележува дека имал желба да создаде малечок свет од прекрасните, пријатните и значајните нешта во овој свет, како и да прикаже дел од лицето на Ирска. Расказите во книгата го влечат потеклото од ирската митологија и во нив се раскажува за разни случки поврзани со самовили, духови, ѓаволи, русалки и митски поети. Сепак, Јејтс не е обичен запишувач на народните преданија. Тој е заинтересиран за светот на окултнотоверува во спиритуалниот свет и се труди да стапи во контакт со натприродното.[2]
Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]
Во 2014 година, збирката била објавена на македонски јазик, во издание на „Бегемот“, во рамки на едицијата „Ars magna“. Преводот од англиски јазик го направил Горјан Костовски; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а јазичната редакција ја направил Филип Димевски. Книгата била преведена со финансиска помош преведувачката програма Ireland Literature Exchange (ILE), а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 157 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-19-2.[3]