Калјани (Солунско)
Калјани Άλωρος | |
---|---|
Координати: 40°35′N 22°36′E / 40.583° СГШ; 22.600° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Надм. вис. | 6 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Калјани (грчки: Άλωρος, Алорос; до 1926 година: Κάλιανη, Калјани[1]) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Денес, селото претставува составен дел од Клиди.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во непосредна близина на реката Колудеј и на Солунскиот Залив, на надморска височина од 6 метри.[2]
Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида, на 2 километри северно од селото Клиди.
Историја[уреди | уреди извор]
За време на Античка Македонија, се наоѓало во областа Ботиаја, на устието на Бистрица во Солунскиот Залив. Селото претставува родно место на регентот Птоломеј I.
Селото најверојатно претставувало мала чифлигарска населба.[2]
Во 1926 година, селото било преименувано во Алорон или Алорос (Άλωρος). Во 1949 година, Калјани и Клиди биле одвоени од општината Корифи и создале самостојна општина Клиди. Селото за последен пат се појавило во пребројувањата во 1971 година.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Основни производи на жителите на селото биле памукот, шеќерната репка и пченицата.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Калјани живееле 107 Грци христијани и 48 Роми.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Калјани (Kaliani) живееле 100 Грци.[5]
Како чифлигарска населба, во пописот од 1913 година било забележано само со 30, а во 1920 година со 51 жител. Во 1928 година биле попишани 76, во 1940 година 109, во 1951 година 104, во 1961 година 82, а во 1971 година само 37 жители. Во пописите од 1981 и од 1991 година било забележано без жители, бидејќи се пресметани во составот на жителите од селото Клиди.[2]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 109 | 104 | 82 | 37 | — | — | — | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Денес, селото претставува дел од селото Клиди.
Личности[уреди | уреди извор]
- Птоломеј I — регент на Македонија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάλιανη -- Άλωρος
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 12.
- ↑ „Страница на поранешната општина Плати“. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 2016-03-09.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 141.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 218-219.
|