Калин Ивановски (роден на 11 мај 2004 г.) — македонски тенисер.
Најдобар пласман на Ивановски на АТП листата е 331. место постигнато на 17 јули 2023 година. Во двојки, негов најдобар пласман е 514. место постигнато на 29 мај 2023 година. Негов најдобар јуниорски ИТФ ранкинг е 17. место, постигнато на 3 јануари 2022 година.[2]
На јуниорскиот турнир од Вимблдон во 2021 година, Ивановски бил поразен во осминафиналето.[3] Истата година, тој стигнал до полуфиналето на престижниот младински турнир Оринџ Бол за играчи под 18 години кој се игра на Флорида, САД.[4]
Ивановски настапува за Македонија во Дејвис купот, каде има вкупен резултат од 11 победи и 3 порази.