Кале (Алдинци)
„Кале“
| |
Местоположба | 41°46′29″N 21°25′18″E / 41.77472° СГШ; 21.42167° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Алдинци |
Општина | Студеничани |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Кале — археолошко наоѓалиште кај скопското село Алдинци, Општина Студеничани. Претставува градиште (опидум) од доцната антика.
На 2 км јужно од Планинарскиот дом „Караџица“, на рид со височина од 165 м над утоката на Аљагица (Ејлагица, Алгица) во Кадина Река, на зарамнето плато со површина од 4 хектари се гледаат остатоци од одбранбен ѕид. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и цевки за довод на вода.
Северно од градиштето, преку реката се наоѓа подградието на чија површина од околу 3 хектари се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Муџица — градиште од доцноантичко време
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 363. ISBN 9989-649-28-6.
|