Изет Меџити
Изет Меџити | |
---|---|
Градоначалник на Општина Чаир | |
На должноста 2005–2017 | |
Претходник | Аце Миленковски |
Наследник | Висар Ганиу |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1977 (воз. 46–47 г.) Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонски Албанец |
Партија | ДУИ |
Сопружник | Ава Меџити |
Установа | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Професија | Дипломиран економист |
Вероисповед | Муслиман |
Изет Меџити — македонски политичар и градоначалник на Општина Чаир во периодот од 2005 до 2017 година. Роден е во Скопје, 1977 година. Средно образование стекнал во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ од Чаир. Дипломирал на Економскиот Факултет - Скопје, а бил на последипломски студии од областа на јавниот менаџмент. Во периодот 2001-2003 бил професор по економија во средното училиште „Арсени Јовков“. Откако го напуштил професорското место, работел како економски советник во Македонски Пошти до 2005 година.[1]
Политичка кариера[уреди | уреди извор]
Меџити е член на политичката партија ДУИ. Тој е еден од четворицата потпретседатели на партијата, заедно со Теута Арифи, Невзат Бејта и Гзим Острени. Освен тоа, тој е член на Централното претседателство на партијата.
Првиот мандат го добил на изборите за локална самоуправа во 2005.[2] Тој на локалните избори 2013 остварил една од најубедливите победи во вториот изборен круг со освоени 70% од гласачките ливчиња.[3]
Еден од неговите позначајни потези е поставувањето споменик на „Скендер-бег“ на општинскиот плоштад.[4]
За време на неговиот втор мандат донел одлука за преименување на четири основни училишта од општината, која е противзаконска.[5] Поради незаконитоста на одлуката на сведителствата кои се издаваат во овие училишта стојат стари имиња на училиштата.[6]
Тој бил вмешан во инцидентот од 2011 година кога беше урната црквата на Скопско кале, со што се заострија меѓуверските односи.[7]
Приватен живот[уреди | уреди извор]
Меџити се оженил 10 јули 2006 година со сопругата Ава, која работи како педагог во градинка од Чаир. Тој живее со неговите родители, а поради работните обврски сѐ уште нема деца. Инаку тој е единствен син во неговото семејство, а има и една сестра. Не е голем љубител на спортот, но активно се занимава со планинарење. Како што тој самиот истакнува, Старата скопска чаршија е неговиот омилен дел од градот.[8]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Немаме магично стапче, но ќе ја решаваме „Дижонска"“. Утрински Весник. 16 октомври 2006. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Меџити ќе бара втор мандат за да ја доразубави сликата за Чаир“. Утрински Весник. 27 јануари 2009. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Убедлива победа на Изет Меџити во Чаир“. Плус Инфо. 8 април 2013. Посетено на 21 мај 2013.[мртва врска]
- ↑ „Личност на денот - Изет Меџити“. Утрински Весник. 29 ноември 2006. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Стар експлозив за нови тензии: Изет Меџити билда рејтинг со беззаконие!“. МКД.мк. 31 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Старите имиња на училиштата ќе стојат на свидетелствата на основците од Чаир“. МКД.мк. 1 август 2013. Посетено на 1 август 2013. Text " Република Online" ignored (help)
- ↑ „Инцидент на скопско Кале околу изградбата на сакралниот објект“. Исламски центар. 11 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Скопските градоначалници приватно“. Вест. 18 ноември 2006. Посетено на 21 мај 2013.[мртва врска]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Политички и професионален профил на Изет Меџити Архивирано на 4 март 2016 г.
- Фејсбук страницата