Прејди на содржината

Ивана Михиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивана Михиќ
Ивана Михић
Роден(а)13 јануари 1970 година
Белград
СФРЈСФРЈ
ЗанимањеГлумица
Значајни делаСреќни луѓе - Катарина Кети Бабовиќ
Мојот роднина од село - Дивна Мајсторовиќ Враниќ
Воена академија (ТВ серија) - Емилија Стошиќ

Ивана Михиќ (Белград, 13 јануари 1970 годинна) — српска глумица, продуцент и писателка.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ивана Михиќ пораснала на Баново брдо. Како дете вежбала ритмичка гимнастика. Таа го освоила седмото место на белградскиот натпревар по ритмичка гимнастика. Потоа ја заменила ритмичката гимнастика со балет и музика. Завршила нижо балетско училиште „Лујо Давичо“ и нижото музичко училиште „Ватрослав Лисински“ отсек пијано. Таа потоа се запишала на глума. На приемниот, таа извела монолог од драмата на нејзиниот татко „Жолта“ и ја имитирала својата мајка од претставата „Виктор или децата на власта“ и глумицата Тања Бошковиќ . Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на професорот Миленко Маричиќ и професорот Бранислав Жага Миќуновиќ, предводена од професорот Владимир Јевтовиќ во првите две години. Во одделението со неа биле: Дубравка Мијатовиќ, Тамара Вучковиќ, Драган Миќановиќ, Небојша Дугалиќ, Горан Шушљик, Жељко Митровиќ, Мирсад Тука.

Филмската кариера ја започнала како деветгодишник, со улога во филмот Среќно семејство, а продолжила како тринаесетгодишна, со улога во филмот Варљиво лето '68. Својата театарска кариера ја започнала со главните улоги во претставите „Некои тоа го сакаат топло“ (Театар на Теразие) и „Сирано од Бержерак“ (Народен театар во Белград ). Таа снимила ЦД и касета со музика од претставата „Тринидад“ за ПГП РТС, а гостувала и на ЦД-то на Тина Миливојевиќ „Приспивни песни за бебиња и мали деца“ . Во1996 година Ивана ја основа својата филмска продуцентска куќа „ХОРИЗОНТ“, а како продуцент и извршен продуцент ги потпишува следните филмови: Купи ми Елиота, Механизам, Таа ја сака Ѕвезда, Кутрите мали хрчаци 2010, како и ТВ серијата Куќа на среќата .

Учествувала на над педесет меѓународни филмски фестивали со филмовите на продуцентската куќа „ХОРИЗОНТ“. За продукцијата на нејзините филмови повеќепати е наградувана со домашни и странски признанија. Таа, исто така, ја осцвоила меѓународната филмска награда за најдобра глумица на Меѓународниот филмски фестивал во Александрија за нејзината улога во филмот Механизам . За истата улога таа беше наградена со „Оскар за популарност“, 2000 година, како најпопуларна глумица избрана од публиката и низа други награди. Била член на жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Лече . Четири години била претседател на „Собрание на здружението“ на филмски продуценти во Србија. Таа била ангажирана во серија хуманитарни акции наречени „Извор на светлината“ .

Ивана е и писателка. Досега напишала и објавила четири книги: „Мојот пријател, под креветен Мрак“ (во соработка со Вера Чукиќ), „Мојот единствен живот“, „Мраз“ и Headhunters “. Од декември 2008 година пишуваше колумни за дневниот весник „Политика“ во рубриката „Погледи од страна“ .

Таа е ќерка на сценаристот Гордан Михиќ и глумицата Вера Чукиќ.

Улоги[уреди | уреди извор]

Година Назив Улога
1970-ти
1978 Образ со образ: Новогодишен специјал Ивана
1979 Среќно семејство постара ќерка
1979 Среќно семејство (ТВ серија) постара ќерка
1980-ти
1984 Варљиво лето '68 Владица Цветковиќ
1984 Варљиво лето '68 (ТВ серија) Владица Цветковиќ
1987 Октоберфест
1988 Роман за Лондон (серија) Мис Мун
1990-ти
1991 Сараевски приказни Ѓана Раѓеновќ
1991 Најтоплиот ден во годината девојка на Зоран
1993 Напаѓач Јелена
1993-1994 Среќни луѓе Катарини Кети Бабовиќ
1995 Балкон на кровот Анѓа Мишковиќ
1995-1996 Среќни луѓе 2 Катарина Кети Бабовиќ
1996-1997 Горе доле Кристина Кики Јакшиќ
1998 Купи ми Елиота Чора / Ники
2000-ти
2000 Механизам Снежана
2003 Куќа на среќата
2005 Либеро русокоса
2005 Ивкова слава Француска снаа
2006 Условна слобода Марта
2010 Дојди поблизу Љубица Протиќ
2010 Не е тој таков Марина
2008-2011 Мојот роднина од село Дивна Мајсторовиќ Враниќ
2012-2017 Воена академија (ТВ серија) Емилија Стошиќ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ivana Mihić“. Laguna. Посетено на 16. 1. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]