Жената на францускиот поручник (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Жената на францускиот поручник“ (англиски: The French Lieutenant's Woman) — филм од 1981, режиран од Карел Рајс (Karel Reisz) по сценариото на Харолд Пинтер, засновано врз истоимениот роман на Џон Фаулс (John Fowles). Главните улоги ги толкуваат: Мерил Стрип (Meryl Streep), Џереми Ајронс (Jeremy Irons), Лео Мекерн (Leo McKern) и Линзи Бакстер (Lynsey Baxter).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во филмот се испреплетени две љубовни приказни: едната се одвива во викторијанската ера, а другата во денешнината. Во првата приказна, лондонскиот џентлмен Чарлс (го игра Ајронс) пристигнува во мало место на морскиот брег со намера да ја побара раката на Ернестина (ја игра Бакстер), ќерката на еден угледен богат човек. Еден ден, додека Чарлс шета со својата свршеница, тој здогледува млада жена облечена во црнина за која Ернестина му кажува дека е некоја лесна жена која своевремено била заљубена во некој француски поручник. Жената се вика Сара (ја игра Стрип), а неа ја презира целото месно население, сметајќи ја за блудница. Кај Чарлс се раѓа интерес за Сара и постепено се вљубува во неа. Месниот лекар (го игра Мекерн) го известува дека Сара страда од тешка меланхолија и дека таа може да се излечи само ако го напушти местото, но таа го одбива тоа... Во втората приказна, двајца глумци, Мајк (го игра Ајронс) и Ен (ја игра Стрип) глумат во филм за жената на францускиот поручник при што за време на снимањето на филмот започнуваат љубовна врска, иако двајцата се во брак. Иако слични, двете приказни завршуваат различно...

Наводи[уреди | уреди извор]