ЖС „Градско“
ЖС „Градско“ | |
---|---|
Станицата во 1920-тите години | |
Општи информации | |
Место | Градско Општина Градско Македонија |
Сопственик | Македонски железници |
Линии | Велес — Гевгелија |
Историја | |
Отворена | 1871 (прва зграда), 1925 (втора зграда) |
Железничка станица „Градско“ — железничка станица на железничкиот коридор 10 во селото Градско, во југоисточниот дел на Македонија. Железничката станица била изградена во 1871 година и претставувала една од најголемите и најубавите архитектонски градби на железнички станици во Македонија.
Претставува трета железничка станица од Велес, од кој е оддалечена 27,4 километри, додека од главната железничка станица во Скопје е оддалечена 78,3 километри. Низ станицата редовно поминуваат домашните возови на линијата Скопје - Гевгелија, како и меѓународните возови на линиите Скопје - Солун и Белград - Солун.
Историја[уреди | уреди извор]
За точната година на нејзината изградба има две теории. Според првата, нејзината изградба била започната во 1871 година, пред пуштањето на пругата во употреба (1873 година). Веројатноста за точноста на овој податок е мала, бидејќи во периодот меѓу двете светски војни, бил остварен планот на Кралството СХС за осовременување на железничкиот сообраќај во Македонија кога многу станици биле срушени и на нивно место биле подигнати нови градби. Втората теорија е во контекст на претходно споменатото и вели дека станицата во Градско, била подигната меѓу 1921-25 година. Како поткрепа на точноста на овој податок, има разгледница, заверена со архивски печат и појаснување дека истата била фотографирана 1923 година во периодот на изградбата на станицата.[1]
На 26 февруари 1916 година, во време на Првата светска војна, започнала изградбата на теснолиниската пруга од железничката станица „Градско“ до селото Дреново во должина од 20,1 километар за потребите на Македонскиот фронт. Подоцна оваа теснолиниска железничка линија била продолжена до Прилеп и до Битола.
Станицата била минирана на крајот на Втората светска војна, од страна на окупаторските сили.[1]
Во текот на 2015 година била најавена обнова на железничката станица во Градско, како дел од поголемиот проект за обнова на железничките станици долж коридорите 10 и 10д.[2]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Поседувала подземни премини кои воделе директно до самите перони, кои функционирале сè до минатиот век, за сега да бидат покриени со лимени плочи.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Филип Конески (9 септември 2019). „Стара железничка станица – Градско“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 1 октомври 2019. Посетено на 19 мај 2024.
- ↑ Блажевска, Светлана (2 ноември 2014). „Градени во турско, сега ќе добијат европски лик“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. Архивирано од изворникот на 2014-11-04. Посетено на 22 август 2015.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- ЖС „Градско“ на Ризницата ?
Оваа статија за железничка станица во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Никулци за железнички станици во Македонија
- Железнички станици во Македонија
- Градско
- Згради и градби завршени во 1871 година
- Згради и градби завршени во 1925 година
- Појавено во 1871 година во Македонија
- Појавено во 1871 година во Отоманското Царство
- Појавено во 1925 година во Македонија
- Појавено во 1925 година во Југославија