Електронски бројчен интегратор и сметач (анг: Electronic Numerical Integrator And Computer - ENIAC) бил првиот општонаменски компјутер конструиран во 1946 година на универзитетот во Пенсилванија, дело на конструкторите Џон Мокли и Преспер Екерт. Во него биле вградени 18000 електронски ламби.
Овој компјутер претставувал огрмона машина која зафаќала околу 150 квадратни метри површина и тежел околу 30 тони.