Прејди на содржината

Ежот Соник (аниме)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ежот Соник (јапонски: ソニック★ザ★ヘッジホッグ; англиски: Sonic the Hedgehog) — јапонско аниме од два дела од 1996 година. За меѓународното издание, двете епизоди биле споени во еден анимиран филм. За англиските медиуми, филмот бил првиот цртан филм каде што гласот на Соник не бил позајмен од Џелил Вајт.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Прв дел[уреди | уреди извор]

Соник добива известување дека го бараат во претседателската палата. Кога Соник и Тејлс пристигнуваат на договореното место, откриваат дека д-р Роботник ги киднапирал претседателот и неговата ќерка Сара.

Роботник појаснил дека ќе ги ослободи претседателот и Сара штом Соник ќе ја заврши задачата што ќе му ја додели Роботник. Соник се согласува и Роботник објаснува дека неговиот град, Роботрополис, го зазел Метал Роботник и го прогонил. Метал Роботник потоа го оштетил електричниот генератор што непрекинато произведува струја за градот. „Роботник“ објаснува дека доколку генераторот не се запре, ќе предизвика голема експлозија што ќе ја уништи планетата.

Тејлс добива навигатор на зглобот од Роботник, кој го води дуото до Роботрополис по најкратките патишта, но полни со опасни стапици. Тејлс и Соник наскоро се наоѓаат во древните урнатини (англиски: Ancient Relics), каде се борат со Метал Роботник.[2] За време на тепачката, на помош на дуото доаѓа случаен минувач Кнуклс. Заедно го победуваат Метал Роботник и се упатуваат кон Роботрополис.

Втор дел[уреди | уреди извор]

Тејлс, Наклс и Соник пристигнуваат во Роботпрополис. Соник успева навреме да го запре генераторот. Одеднаш зелено светло го опкружува и тој останува целосно неподвижен. Ефектот набрзо исчезнува и тие забележуваат моќна фигура на хоризонтот, Метал Роботник. Паѓа на земја, целосно исцрпен, а се појавуваат Роботник и Сара. Роботник на сите присутни им го претставува својот најнов изум, Метал Соник, робот создаден со сите одлики на Соник, но без мислењето. Роботник заминува со Сара, оставајќи го Метал Соник да се справи со триото.

Метал Соник се покажува како поспособен од правиот Соник, кој е целосно исцрпен на крајот од битката.Тејлс и Наклс го напуштаат Роботрополис претходно и се упатуваат дома во Торнадо.

Утрото претседателот е веќе известен за сите настани. Соник решава да го најде Метал и да ја заврши битката. За време на борбата, Соник и Метал Соник се наоѓаат на Северниот Пол, најкревката точка на планетата, каде што се наоѓа ледникот што ги поврзува континентите.

Тејлс го преуредува својот навигатор на зглобот и се обидува да го користи за да ја контролира работата на Метал Соник. Така, Соник успева доста да го оштети Метал Соник.

Во еден миг, претседателот пристигнува на Северниот Пол со својата ракета и удира со своето возило во дел од ледникот. Избувнува пожар и претседателот е во смртна опасност. Соник, кој некое време се ослободи од Метал Соник, оди да и помогне на жртвата. Ракетата се разгорува, а Метал Соник се издигнува од облак чад со претседателот во рацете. Претседателот е спасен, но Метал потоа паѓа во лавата. Соник скока по него и му пружи рака, што Метал Соник одбива велејќи: „Има само еден Соник...“[3]

Актерска екипа[уреди | уреди извор]

  • Мартин Бурк како Ежот Соник[4]
  • Лејни Фрејзир како Мајлс „Тајлс“ Провер [5]
  • Бил Вајс како Наклс[6]
  • Едвин Нил како д-р Роботник и претседателот[7]
  • Гери Дехан како Метал Соник[8]
  • Саша Биеси како Сара[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://www.behindthevoiceactors.com/movies/Sonic-the-Hedgehog-The-Movie/
  2. http://doorsclosing.com/lursk/GHZ/ggibbon/sonic/museum/1996.htm
  3. http://doorsclosing.com/lursk/GHZ/ggibbon/sonic/museum/1996.htm
  4. https://www.behindthevoiceactors.com/movies/Sonic-the-Hedgehog-The-Movie/
  5. https://www.behindthevoiceactors.com/movies/Sonic-the-Hedgehog-The-Movie/
  6. https://www.behindthevoiceactors.com/movies/Sonic-the-Hedgehog-The-Movie/
  7. https://www.behindthevoiceactors.com/movies/Sonic-the-Hedgehog-The-Movie/
  8. https://www.behindthevoiceactors.com/movies/Sonic-the-Hedgehog-The-Movie/
  9. https://www.behindthevoiceactors.com/movies/Sonic-the-Hedgehog-The-Movie/Sara/. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]