Државен пат 1 или ЕО1 (грчки: Εθνική Οδός 1) — стар пат со две ленти кој води од Атина за Солун, и ја поврзува државата со Македонија преку граничниот премин Мачуково (Евзони). Денес во најголем дел е заманет со автопатот А1, и е ограничен на месна употреба. Долг е вкупно 605 км.
Денес автопатот А1 го зазема речиси целиот првобитен правец на EO1, но државниот пат и понатаму минува напоредно на А1 за потребите на неавтопатниот сообраќај. Западно од езерото Тополија (Илики) има прекин во патот, поради што сообраќајот мора да кружи преку Теба и Алиартос, и да се приклучи на ЕО3. Покрај тоа, самиот граничен премин Мачуково прима само автопатен промет.
↑„Министерска одлука Γ25871“. Службен весник на Р. Грција (ΦΕΚ). Државна печатница. Β (319): 2500–2501. 23 јули 1963. (грчки)
↑Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.