Драги Каров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драги Каров
Роден 1956 (воз. 67–68 г.)
Свети Николе, НР Македонија, ФНРЈ
Занимање Претприемач, активист

Драги Каров (1956, Свети Николе, НР Македонија) ― македонски претприемач и активист. Роден во Свети Николе, но денес живее во Велес.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во 1956 година во гратчето Свети Николе. Карев се занимавал како претприемач во градот Велес. Драги Каров е еден од првите, кој што со разпаѓањето на Југославија основил комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, и повикува против присуството на југословенската армија на територијата на Македонија. Во резултат на тоа Каров бил обвинет за тероризам осуден за „антијугославска дејност“ на една година затвор заедно со Георги Калаузаров и Гоце Чушков, но после тоа биле брзо ослободeни.[1]

Кога Македонија добила независност, Драги Каров бил на страна на ВМРО-ДПМНЕ, но со текот на времето почнал да се ориентира кон СДСМ, почнувајќи да организира протести против Владата на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.[2]

Во март 2008 година Каров подигнал во неговиот двор во Велес, споменик на Тодор Александров, со коешто предизвикал скандал,[3] при што споменикот бил брзо срушен.[4] Во 2008 година, тој бил наложен да плаѓа илјада евра казна заради прекршување на закони за веење странски знамиња.[5] На 28 февруари 2010 година Каров подигнал споменик во неговиот двор на Иван Михајлов.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]