Драган Велјановски
Драган Велјановски | ||
Роден | 13 мај 1948 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Познат | по режија на: Македонски народни приказни Погрешно време | |
Занимање | режисер |
Драган Велјановски (р. 13 мај 1948 година во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски режисер.
Животопис[уреди | уреди извор]
Велјановски дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за режија во 1972 година.
Во 1987 година бил асистент режисер на серијата Трст виа Скопје. Во периот од 1989 до 2003 година, тој го снимал серијалот Македонски народни приказни за МРТ, при што снимил околу 200 приказни.
Филмографија[уреди | уреди извор]
Велјановски ги режирал следните филмови и серии:
- „Трст виа Скопје“ (асистент режисер, 1987)
- „Македонски народни приказни“ (режисер и сценарист, Сезона 1, 1989-1992)
- „Последната македонска елегија“ (режисер, 1992)
- „Македонски народни приказни“ (режисер и сценарист" Сезона 2, 1993-2003)
- „Каца“ (режисер, 1999)
- „Мајка Тереза“ (режисер, 2000)
- „Погрешно време“ (режисер, 2000-2001)
- „Сашо и Сашка“ (режисер, 2005)
- „Досие-К“ (режисер, 2007)
- „Цимери“ (режисер, 2007)
- „Македонски стари приказни“ (режисер и сценарист, 2010-2013 Сител ТВ)
- „Тиквешко востание“ (режисер, 2013)
- „Комшиски приказни“ (режисер, 2016-2017)
- „Кавадаречки народни приказни“ (режисер, 2017)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Драган Велјановски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)