Долно Оризари (Скопско)

Координати: 42°2′24″N 21°25′30″E / 42.04000° СГШ; 21.42500° ИГД / 42.04000; 21.42500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Оризари
Долно Оризари во рамките на Македонија
Долно Оризари
Местоположба на Долно Оризари во Македонија
Долно Оризари на карта

Карта

Координати 42°2′24″N 21°25′30″E / 42.04000° СГШ; 21.42500° ИГД / 42.04000; 21.42500
Регион  Скопски
Општина  Шуто Оризари
Област Скопско Поле
Население 1550 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25051
Надм. вис. 303 м
Долно Оризари на општинската карта

Атарот на Долно Оризари во рамките на општината
Долно Оризари на Ризницата

Долно Оризари — населено место во Општина Шуто Оризари, Скопје. Денес е споено со населбата Шуто Оризари, иако се води како посебно населено место.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата е сместена околу 7 км северно од центарот на Скопје, во рамките на областа Скопско Поле. На север лежи селото Горно Оризари, на запад е Визбегово, а на исток се гробиштата „Бутел“, и по нив, населбата Бутел 1. На југ е населбата Топанско Поле, на југоисток е Бутел 2, а на североисток е Радишани.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 3 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 10 мажи христијани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 20 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 162 жители.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според Пописот од 2002, населбата брои 1.550 жители, од кои:[4]

Народ Вкупно
Македонци 37
Албанци 1389
Турци 6
Роми 110
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
останати 7

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. Долно Оризари (Шуто Оризари), Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)