Дискографијата на романската пејачка Ина се состои од еден студио албум, шест синглови и 7 музички видеа. Нејзиниот прв албум насловен како Hot беше на врвот на шпанските топ листи и заврши на 28-то место на полската албум листа. Нејзиниот прв сингл „Hot“ беше на врвот на PROMUSICAE сингл листа во Шпанија и на украинската сингл листа, а во Романија стигна до Топ 5 на Романија Топ 100. Истиот сингл беше и на првото место на американскиот билборд и Hot Dance Airplay. Со тоа Ина стана првиот романски артист кој го направи овој успех во САД, во раната 2010. За албумот Hot таа исто така доби и MTV EMA награда за „Најдобар романски акт“.
Нејзиниот втор сингл „Love“, го победи нејзиниот претходен сингл на романската Топ 100, стигнувајќи до #4. Песната заврши на 31-то место на шпанската сингл листа. Летото, 2009, Ина реализираше заеднички сингл со Боб Тејлор, насловен како „Déjà Vu“ кој стигна до Топ 10 во Романија. Нејзиниот трет сингл „Amazing“, стана нејзиниот прв #1 сингл на романската топ 100 листа во октомври2009. Нејзиниот последен сингл „10 Minutes“ кој е соработка со нејзините продуценти Play & Win ја имаше премиерата во јануари2010 на нејзината официјално мрежно место. Песната веќе влезе во Топ 20 во романската Топ 100 листа, со тоа што досега има стигнато до #18 место.