Десетти Километар

Координати: 40°16′N 22°24′E / 40.267° СГШ; 22.400° ИГД / 40.267; 22.400
Од Википедија — слободната енциклопедија
Десетти Километар
Μοσχοχώρι
Споменик во селото
Споменик во селото
Десетти Километар is located in Грција
Десетти Километар
Десетти Километар
Местоположба во областа
Десетти Километар во рамките на Катерина (општина)
Десетти Километар
Местоположба на Десетти Километар во Пиерскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°16′N 22°24′E / 40.267° СГШ; 22.400° ИГД / 40.267; 22.400
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаКатерина
Општ. единицаЛоково
Надм. вис.&10000000000000110000000110 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно462
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Десетти Километар (грчки: Μοσχοχώρι, Мосхохори; до 1962 г. Δέκατο Χιλιόμετρο, Декато Хилјометро[2]) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 462 жители (2021).

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 10 км западно од градот Катерина, крај патот ЕО13 (Катерина - Еласона), на надморска височина од 110 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е подигнато по крајот на Граѓанската војна од грчки бегалски семејства. За првпат се спомнува во пописот од 1961 г. кога е заведено со 62 жители.[3] Во 1962 година, името на селото било променето во Мосхохори (Μοσχοχώρι).[2] Во 1971 г. броело 452, во 1981 г. 511, а во 1991 г. 464 жители.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 470 452 511 464 500 516 462
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Основно училиште
  • Детска градинка
  • Амбуланта
  • Аптека

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во 1966 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал 7 квадратни километри.[3] Општината Десетти Километар била приклучена во општината Локово во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.

Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Десетти Километар, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 4 мај 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 271.