Григор Георгиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Григор Георгиев
Роден 1889
Бучиште, Пробиштипско, Македонија
Починал 19 април 1923

Григор Георгиев, познат како Григор Бучишки, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден во пробиштипското село Бучиште. Влегува во ВМРО. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи четата на Славчо Абазов и при 15 штипска дружина. Во Втората балканска војна е во здружената партизанска чета и е повреден на 5 јуни 1913 година. Носител е на орден "За храброст" IV степен.[1]

По 1919 година се вклучува во создавањето на ВМРО во Кратовско. Загинува на 19 април 1923 година заедно со Туше од Бунеш, Саздо Гочев и Пано од Неокази и Лазар Станишков и Николчо Иванов од Нежилово.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 151.
  2. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 136, 704.