Градиште (Милутинце)

Координати: 42°11′49″N 22°9′7″E / 42.19694° СГШ; 22.15194° ИГД / 42.19694; 22.15194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Градиште

Карта

Местоположба 42°11′49″N 22°9′7″E / 42.19694° СГШ; 22.15194° ИГД / 42.19694; 22.15194
Основни податоци
Место Милутинце
Општина Ранковце
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиште археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Милутинце. Претставува градиште од доцната антика. На високо брдо што се издига над селото, покрај патот Скупи - Пауталија, на самото зарамнето плато се гледаат остатоци од бедем, темели и ѕидови. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. На западниот дел на градиштето има бунар опкружен со камени плочи поставени вертикално.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 196, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069