Геодет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Геодет го мери земјиштето со помош далечиномер.

Геодет[1][2] — лице што професионално се занимава со геодезија.

Дејноста на геодетски инженер опфаќа:

  • определување на големината и обликот на Земјата и собирање и обработка на податоци потребни за одредување на гравитационото поле на Земјата, како и положбата, големината, обликот и површината на кој било нејзин дел;
  • определување на положбата на Земјата во вселената, определување на нејзината структура, контрола врз нејзините просторни промени и измени на градежни објекти;
  • утврдување на положбата на државните и другите административни граници, како и јавните и приватните парцели, вклучително и запишувањето на овие парцели кај надлежните управи;
  • истражување на природната и општествената средина, откривање на податоци за копното и морето, користење на добиените податоци во општинските, градските, окружните и државните општествени и просторни планови за развој;
  • планирање, развој и ново обликување на сопственичките односи меѓу парцелите на земјиште и градби;
  • утврдување на вредноста на поединечните парцели и градби и управување со нивните сопственички односи;
  • планирање, мерење, организација и надзор на градежни работи;
  • проектирање, воспоставување и управување со географски, картографски и земјишни информациски системи и трајно собирање, складирање, обработка и анализа на податоци во овие системи;
  • прикажување на информации за просторот во облик на картографски прикази.

Наводи[уреди | уреди извор]