Ветерски манастир
Поглед на манастирската црква „Св. Јован Ветерски“ | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Јован Крстител“ |
Други имиња | Манастир „Св. Јован Ветерски“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | византиско време 1670 (обнова) |
Посветен на | Јован Крстител |
Епархија | Повардарска |
Цркви | „Св. Јован Ветерски“ |
Личности | |
Место | |
Место | Ветерско, Општина Велес, Македонија |
Координати | 41°49′42″N 21°41′21″E / 41.82833° СГШ; 21.68917° ИГД |
Други информации | (Башиноселска парохија) |
Ветерски манастир наречен „Св. Јован Ветерски“ или „Св. Јован Крстител“ — православен манастир кај селото Ветерско, Општина Велес. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Манастирот се наоѓа северозападно од селото, на подножјето на ридестата месност Осој, на стотина метри од патот Велес - Скопје (магистралата А1). Преку автопатот и реката Пчиња, на запад се наоѓа Кожленскиот манастир („Рождество на пресв. Богородица“).
Историја[уреди | уреди извор]
Засега не се пронајдени писмени извори за настанокот на манастирот. Се претпоставува дека византиско време поради архитектонските одлики на манастирската црква „Св. Јован Крстител“. Според натписот над црковниот влез, храмот е „изграден“ во 1670 г. под водство на епископот Јосиф Велешки. Натписот е на црковнословенски, што покажува дека владиката, иако бил Грк, дозволувал да се пишува на словенски. Веројатно е дека година храмот бил само обновен, бидејќи во тоа време турските власти ретко дозволувале подигање на нови христијански храмови.[1][2]
Црква[уреди | уреди извор]
Манстирската е мала и е темна. Околу црквата има конак, камбанарија и други придружни градби.
Слики[уреди | уреди извор]
-
Порта
-
Страничен поглед на црквата
-
Камбанаријата
-
Поглед во црквата
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Манастир Јован Крстител - Ветерско“. Повардарска епархија. 20 ноември 2007. Посетено на 14 февруари 2014.
- ↑ Снегаровъ, Иванъ (1932). История на Охридската архиепископия-патриаршия, Tом 2. Отъ падането ѝ подъ турцитѣ до нейното унищожение (1394–1767 г.). София – Печатница П. Глушковъ: Македонски наученъ институтъ. стр. 214–215.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Ветерски манастир на Ризницата ?