Василиј Гиноски
Василиј Гиноски | ||
Роден | Галичник, Османлиска империја | |
---|---|---|
Починал | 1924 |
Васил Гиноски е зограф и резбар, претставник на Дебарската школа.
Биографија[уреди | уреди извор]
Васил Гиноски е роден во дебарската паланка Галичник, Западна Македонија. Тој е најмал син на Крсте Гиноски. Учи во Русија. Единственото зачувано потпишано дело во Македонија му се фреските на западната фасада на црквата во Бигорскиот манастир од 1871 година: „При смиренаго игумена нашего архимандрита Михаила изображенъ бъсть сей притвор церковенъ Василiемъ Гиновскiи ѿ село Галичникъ, 1871“[1] Со поголемиот брат Панајот Гиноски работел во Врање и Врањско.
Во 1867 година работи на украсувањето на Синан-пашината џамија во Призрен. Во истата година го изработил иконостасот и ја живописал црквата „Свети Никола“ во Љубижда и ја насликал иконата „Богородица со Христос“ во црквата „Свети Никола“ во Гнилане. Во 1874 година го исписал иконостасот на црквата „Воведение Богородично“ во Бело поле, работел во Пеќската патријаршија и заедно со братот Алексо го исписал иконостасот на Будисавскиот манастир. Како „Василије Крстевић из села Галичника“ ја потпишал недатираната икона на Свети Василиј од црквата „Свети Никола“ во Косовска Каменица.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5e/Wiki_%C5%A0umadija_IX_Crkva_Sv._Nikole_%28Novi_Pazar%29_008.jpg/220px-Wiki_%C5%A0umadija_IX_Crkva_Sv._Nikole_%28Novi_Pazar%29_008.jpg)
Во 1876 година Васил, Теофил, Алексо[1] и Панајот Гиноски[2] го изработиле иконостасот на црквата „Свети Никола“ во Нови Пазар (1871). Колективното авторство е потврдено од натпис на иконата на Исус Христос на владичкиот престол, од кој се дознава, дека во 1876 година при Мелетиј архиепископ Пеќски и митрополит Рашко-Призренски и Скендериски е исписан иконостасот и архиерејскиот престол од „Браћа Кр. Даскаловићи Ђиноски од с. Галичника Нахје Дибарске“. Браќата Гиноски насликуваат опширна програма на икони. Иконостасот е замислен како висока триредова олтарна преграда со монументални размери. Това е и најобемното и најкомплексното уметничко дело на браќата Гиноски и е една од најсложените олтарни прегради во српските цркви од XIX век.[1] Се состои од 107 икони со нееднаков квалитет, а најуспешни дела се престолните икони и неколку старозаветни сцени на парапетни плочи.[3]
Од Партениј Зографски ја добил „Стематографијата“ на Христофор Жефарович и ја користел во својата работа. Заедно со браќата Алексо и Теофил се населил во Црна Гора, каде што работеле на иконостаси.[4] Василиј Гиноски е еден од организаторите на претставувањето на Црна Гора на Големата балканска изложба во Лондон во 1910 година. Кралот Никола I го одликувал со Данилов орден V степен, носител е и на највисокиот орден на Руското царско графичко друштво.[4]
Гиноски се најважните и најдоминантните иконописци на новиот сакрален живопис на Црна Гора. Тие исписале вкупно повеќе од 90 иконостаси, притоа покажувајќи висок уметнички и иконографски дострел. Во црквата „Вознесение Господово“ во село Краље, Васил Гиноски го насликал и портретот на ктиторот на црквата Јосиф Лекиќ со моделот на неговата задужбина. Тоа покажува дека се занимавал и со световна уметност.[1]
Родословие[уреди | уреди извор]
Гино | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Петар Гинов | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Иван Петров | Михаил Петров | Нестор Петров | Крсте Петров (? — 1886) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Трпко Иванов (1849 — ?) | Караџа Иванов | Иван Иванов | Алексо Крстев (1851 — 1894) | Василиј Крстев (? — 1924) | Теофил Крстев (? — 1894) | Панајот Крстев (1842 — 1886) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јован Трпков (1878 — 1908) | Велимир Караџов (1912 — ?) | Тома Иванов | Коста Иванов | Миливој Василев | Велимир Панајотов | Љубомир Панајотов | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владимир Костов (1927 — 2014) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Макуљевић, Ненад (2015). „Делатност дебарских и самоковских зографа у Босни и Херцеговини, Црној Гори и Северној Србији у XIX веку“ (PDF). Проблеми на изкуството (српски). 48 (4): 20.[мртва врска]
- ↑ Макуљевић, Ненад (2015). „Делатност дебарских и самоковских зографа у Босни и Херцеговини, Црној Гори и Северној Србији у XIX веку“ (PDF). Проблеми на изкуството (српски). 48 (4): 23.[мртва врска]
- ↑ „Црква Св. Николе“ (српски). Информациски систем непокретних културних добара. Посетено на 14 ноември 2021 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 4,0 4,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 358–359. ISBN 978-608-203-023-4.