Буре (танц)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Буре од Третата свита за чембало од Ј.С. Бах

Буре́ (фр. bourrée) — танц кој води потекло од Оверњ, Франција и Бискаја, Шпанија во XVII век. Се игра во брз двоен такт, донекаде слично на гавотата. Оваа музичка форма се среќава и во делата на класичните композитори како танцов став во рамките на една свита, но и како засебно дело. Бурето и ден денес се игра во Оверњ од каде успешно прешол во Обединетото Кралство и други земји[1]..

Јохан Себастијан Бах компонирал разни буреа во неговите оркестрални и клавијатурни свити, како и две кратки буреа во рамките на Тетратка за Ана Магдалена Бах, додека неговиот современик Георг Фридрих Хендл компонирал неколку во рамките на неговите соло камерни сонати. Буреа среќаваме и во музиката на англискиот барокен композитор Хенри Персел.

Во XIX век се компонирале буреа за пијано од композитори како Фредерик Шопен и оверњанецот Емануел Шабрие (пр. Bourrée fantasque, 1891). Викторијанскиот англиски композир Сер Хјуберт Пари компонирал буре во рамките на неговата Свита Леди Раднор (1894). Друг познат пример за овој танц е она во делото Танците на Терпсихора од Михаел Преториус.

Буре е и танцов чекор во балетот со брзи движења на нозете додека нозете се во поант или деми-поант[2].

Медија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bourrée“. Архивирано од изворникот на 2021-01-11. Посетено на 2021-02-02.
  2. Bourré Adjectif, participe passé