Благоја Ивчески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благоја Ивчески
Роден 1938 (воз. 85–86 г.)
Смолани, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогите во:
Бог да ги убие шпионите
Волшебното самарче
Занимање глумец

Благоја Ивчески (р. 1938 година во Смолани, Прилепско) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер. Во 1960 година се вработил во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде останал до неговото пензионирање во 2002 година. Во период од 1980 до 1986 година, Ивчески бил директор на истиот театар.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1973 Залез зад езерска земја ТВ-серија
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1982 Едно лето ТВ-серија Професор
1984 Јуначко колено ТВ-серија Чауш ефенди
1986 Солунски патрдии ТВ-серија Трговец
1989 Еурека ТВ-серија
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Затвореник

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда за улогата на ликот Благо во претставата „Балада на орканата“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1968)
  • Награда за улогата на ликот Виктор Франц во претставата „Цена“ од Артур Милер на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1972)
  • Награда „3 ноември“ на Општина Прилеп (1997)
  • Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (2008)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]