Прејди на содржината

Билјана Јовановска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Билјана Јовановска
Роден 15 април 1986(1986-04-15)(38 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Познат по улогите во:
Збогум Румелија
Македонски народни приказни
До балчак
Занимање глумица

Билјана Јовановска (р. 15 април 1986 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Студирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на отсекот Актерска игра во 2012 година, во класата на професорот Елјеса Касо. Таа во 2009 година се појавила во турската серија „Збогум Румелија“. Од 2014 година, таа работи во Македонски народен театар во Скопје.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Јовановска ги остварила филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
2009 Збогум Румелија ТВ-серија Марика
2012 Минатото лето на Балканот ТВ-серија Фиданка
2013 Балканот не е мртов ТВ-филм Жена од харемот 3
2014 До балчак ТВ-филм Јана
2014-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија Самовилата
2016 Потрага по загубеното богатство ТВ-филм Ружа
2017 Вистински приказни ТВ-серија Ружа
2020 Потрага по загубеното богатство 2 ТВ-филм Ружа
2022 Тие се послушни ТВ-серија Софија
2023 Кома ТВ-филм

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Biljana Jovanovska“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.