Бесник Емини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бесник Емини
Роден15 октомври 1977(1977-10-15)(46 г.)
Скопје, СР Македонија, СФР Југославија
Држава Македонија
Служба2000–
Чинбригаден генерал (2020–)
Заповедал со

Бесник Сабедин Емини (15 октомври 1977 во Скопје) — македонски воен генерал.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бесник Емини е роден на 15 октомври 1977 година во Скопје. Основно и средно образование завршува во својот роден град. Во 2000 година дипломира на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје со втората генерација питомци на академијата и ја започнува својата служба во Армијата на Република Македонија (АРМ) во 1.пешадиски баталјон на 15.пешадиска бригада во Тетово. Подоцна е дел од специјалните сили на Армијата односно Полкот за специјални операции (пСО). Учествува во мисијата „Iraqi Freedom“, за што е одликуван со Пофален медал на Армијата на САД. Во 2014 година ја завршува Школата за национална одбрана во Рим, Италија. Во 2017 година магистрира на Институтот за безбедност и одбрана во Скопје. До 2018 година е заменик командант на пСО.[1] Од 2018 до 2019 година е заменик командант на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), најголемата единица на Армијата.[1][2] Од февруари до јули 2019 година е началник на штаб во Здружената оперативна команда (ЗОК).[3][2][4][5] Од 2019 до 2021 година е командант на 1.мпбр, во меѓувреме преименувана во 1.пешадиска бригада (1.пбр).[4][5][6][7] Во 2020 година е унапреден во генералскиот чин бригаден генерал.[8][9] Од 2021 година е командант на Командата за операции (КО).[10][11]

Одликувања и признанија[уреди | уреди извор]

Забелешка: Списокот на одликувања и признанија може да не е целосен.
  • САД Пофален медал на Армијата (Army Commendation Medal)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Примопредавање на должноста Заменик на командантот на 1.мпбр“. mil.mk. 5 септември 2018. Посетено на 1 јуни 2023.
  2. 2,0 2,1 Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXV, број 46, 26 февруари 2019 година, стр. 3.
  3. „Прием на должност заменик на командант и примопредавање на должност началник на штаб во ЗОК“. mil.mk. 5 март 2019. Посетено на 1 јуни 2023.
  4. 4,0 4,1 „Примопредавање на должност командант на прва механизирана пешадиска бригада“. mil.mk. 22 јули 2019. Посетено на 1 јуни 2023.
  5. 5,0 5,1 Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXV, број 147, 18 јули 2019 година, стр. 5.
  6. Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXV, број 216, 18 октомври 2019 година, стр. 3.
  7. Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXVII, број 120, 2 јуни 2021 година, стр. 4.
  8. Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXVI, број 281, 26 ноември 2020 година, стр. 3.
  9. „Претседателот Пендаровски ги унапреди полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини во чин бригаден генерал“. pretsedatel.mk. 26 ноември 2020. Посетено на 1 јуни 2023.
  10. „Смена на команданти на Командата за операции и 1.пбр“. mil.mk. 4 јуни 2021. Посетено на 1 јуни 2023.
  11. Службен весник на Република Северна Македонија, година LXXVII, број 120, 2 јуни 2021 година, стр. 5.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]