Бартек (даб)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бартек во 2016 година

Бартек (полски: Dąb Bartek) – еден од најстарите дабови во Полска. Од 1954 година е заштитен како споменик на природата, расте во близина на селото Бартков.

Старост и големина на дабот[уреди | уреди извор]

Цезари Пацињак во својата книга од 1992 година ги дава резултатите од своето истражување на дрвото, според кое тоа има 654 години.[1]

Според мерењата од 2013 година, дрвото е високо 28,5 метра[2] , обиколката на стеблото на висина на градите (1,3 метра) била 9,85 метра, а на ниво на земјата 13,4 м, дебелината му била 3,14 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1829 година, дабот имал четиринаесет главни и шеснаесет странични гранки, а во 2008 година осум главни гранки[4].

Во 1906 година, дабовото дрво страдало од пожарот на околните згради[5]..

Во 1920 година, стеблото на дрвото било зацементирано; во 1978 година оваа заптивка била извадена[5]], а дефектот беше исполнет со заптивка од смола[4] и маскирана со кора[5]..

Во 1934 година, жирито со кое претседавал професорот Вадисаслав Шафер го прогласило Бартек за „најубавото дрво во Полска“[4]. Дабот беше прогласен за споменик на природата со одлука на Президиумот на радата на војводството од 28.10.1954 година[4]. Дрвото било запишано во регистарот на споменици на природата со Регулативата бр. 35/2007 од војводствот од 12 декември 2007 година во врска со признавањето како споменик на природата[6].

На 3 јуни 1991 година во дрвото удрил гром при што била оштетена една од гранките и дел од стеблото. Штетата е конзервирана[4]. Подоцна на дрвото бил монтиран громобран[5]. Во 1997 година биле монтирани телескопски потпори на гранките[5].

Легенда[уреди | уреди извор]

Според една легенда, Јан III Собиески и Марија Казимира д’Аркен скриле богатство во Бартек[7].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cezary Pacyniak: „Najstarsze drzewa w Polsce. Przewodnik“, PTTK „Kraj“, Warszawa 1992, ISBN 83-7005-199-5
  2. „Gazeta.pl: Университети разгледа Бартек дъб. Архивирано од изворникот на 2015-01-09. Посетено на 2020-04-11.
  3. „Nadleśnictwo Zagnańsk: Заштита на природата“. Архивирано од изворникот на 2013-10-30. Посетено на 2020-04-11.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Portal Informacji Kulturalnej województwa świętokrzyskiego – Dąb Bartek. Архивирано од изворникот на 2015-01-09. Посетено на 2015-01-09.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Zarzyński P. & Tomusiak R., 2013: Najgrubsze dęby Polski (2). Przyroda Polska, 7, strona 19.
  6. „Rozporządzenie nr 35/2007 Wojewody Świętokrzyskiego z dnia 12 grudnia 2007 r. w sprawie uznania za pomniki przyrody“. Świętokrzyski UW. Отсутно или празно |url= (help)
  7. Tatiana Banaś; Ryszard Garus (1996). „Legendy Świętokrzyskie“. Kielce. стр. 45. ISBN 83-86953-07-1. Отсутно или празно |url= (help)