Алфхаузен

Координати: 52°30′7″N 7°57′5″E / 52.50194° СГШ; 7.95139° ИГД / 52.50194; 7.95139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Алфхаузен
Сретселото со црквата
Сретселото со црквата
Сретселото со црквата
Грб на Алфхаузен
Алфхаузен во рамките на Германија
Алфхаузен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Оснабрик
Општ. заед. Берзенбрик
Месни единици 4
Градоначалник Агнес Дросте (ДХС)
Основни податоци
Површина 39 км2
Надм. височина 38 м
Население 4.024 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 103 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OS
Пошт. бр. 49594
Повик. бр. 05464
Портал www.alfhausen.de
Местоположба на Алфхаузен во рамките на округот Оснабрик
Карта
Карта
Координати 52°30′7″N 7°57′5″E / 52.50194° СГШ; 7.95139° ИГД / 52.50194; 7.95139

Алфхаузен (германски: Alfhausen) — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Алфхаузен се наоѓа околу 27 километри (воздушна линија) северно од безокружниот град Оснабрик.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината Алфхаузен се состои од четири места:[2]

Покрај главното место Алфхаузен припаѓаат и следниве места кон денешната општина:

  1. Хеке
  2. Тине
  3. Вален
Општината Алфхаузен
Општината Алфхаузен

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Алфхаузен се граничи на северозапад со Анкум, северно со градот Берзенбрик и на исток со Ристе, додека јужно се наоѓа градот Брамше.

Клима[уреди | уреди извор]

Алфхаузен се наоѓа во мешана климатска зона помеѓу океанската и континенталната клима.

Годишна просечна температура на воздухот изнесува од 8,5 до 9,0 °C и паѓаат околу 800 милиметри врнежи. Помеѓу мај и август може да има просечно 25 летни денови (климатолошка ознака за денови, чија максимална температура е над 25 степени).

Во Алфхаузен од 15 април 1949 година се наоѓа мерна станица на Германската временска служба.

Рекордни температури измерени од станицата се следниве:[3][4]

  • Највисока измерена температура на 25 јули 2019 г.: 39,2 °C
  • Најниска измерена температура на 8 јануари 1985: −25,2 °C
Клима на Алфхаузен
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Апсолутна максимална (°C) 15,0 18,5 24,0 30,4 31,6 35,5 39,2 36,8 32,6 26,8 20,2 15,6 39,2
Просечна максимална (°C) 4,0 5,0 8,8 13,9 18,3 20,6 23,1 22,8 18,8 13,9 8,5 4,7 13,6
Просечна температура (°C) 1,7 2,0 4,8 8,9 13,2 15,8 17,9 17,5 13,9 9,9 5,8 2,7 9,5
Просечна минимална (°C) −0,9 −0,9 1,1 3,9 7,8 10,5 12,7 12,6 9,8 6,3 3,0 0,3 5,6
Апсолутна минимална (°C) −25,2 −20,4 −18 −6,6 −4 −1,1 0,6 1,0 −2 −6,2 −14,5 −18,5 −25,2
Просечно кол. врнежи (мм) 73,8 53,2 60,0 49,7 58,0 73,3 77,2 74,0 71,1 76,3 73,5 82,3 822,4
Извор: [5]

Историја[уреди | уреди извор]

Алфхаузен бил основан во 974 година. Името потекнува од долногермански и означува „единаесет куќи“. Целосната историја не е до крај позната.

Мнозинството од населението е римокатоличко. Меѓутоа, постојат и други верски заедници во градот.

Голем дел од населението емигрирало во Балтимор и Синсинати, Охајо и Северно Кентаки во САД во периодот 1830-1860.[6]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Alfhausen 1025 Jahre. Eine Chronik in Wort und Bild. S. 11.
  3. Webseite wetterzentrale.de mit der Top 10 Tabelle der Wetterstation Alfhausen
  4. Dekadenrekorde (Höchsttemperatur, Tiefsttemperatur) an rund 1000 deutschen Stationen
  5. „Das Klima in Alfhausen 1961–2019“. wetterzentrale.de. Посетено на 2019-10-03.
  6. „German | Cincinnati: A City of Immigrants“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]