Алисон Пино
Лични податоци | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден(а) |
2 мај 1989 Шартр, Франција | |||||||||||
Националност | Французинка | |||||||||||
Спорт | Ракомет | |||||||||||
Висина | м | 1,81|||||||||||
Тежина | 66 Кг. | |||||||||||
Позиција | Лев Бек | |||||||||||
Клупски податоци | ||||||||||||
Тековен клуб | Баја Маре | |||||||||||
Број | 7 | |||||||||||
Младински клубови | ||||||||||||
2001-2003 2003-2006 |
Обервил Вилмомбл | |||||||||||
Сениорски клубови | ||||||||||||
2007–2009 2009–2012 2012-2013 2013- |
Изи ле Молино Мец Олчим Валча ЖРК Вардар СЦБТ РК Крим Баја Маре | |||||||||||
Репрезентација | ||||||||||||
2007- | Франција | 136 (325) | ||||||||||
Освоени медали
|
Алисон Пино (родена на 2 Мај 1989 г. во Шартр) е француска ракометарка која игра во ЖРК Вардар СЦБТ и за женската репрезентација на Франција.
Алисон Пино е француска репрезентативка, која во 2009 година беше прогласена за најдобра ракометарка во светот од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Ракометната кариера Пино ја почна во 2001 година во јуниорската екипа на Обервил (CM Aubervilliers). Од 2003 три сезони настапуваше во составот Вилмомбл (Villemomble). Во 2007 година го потпиша првиот професионален договор со францускиот клуб Изи ле Молино (Issi-les-Moulineaux). По две сезони минати во Париз, Пино во 2009 година се пресели во Мец (Metz Handball), а оттаму во 2012 година замина во тимот на Олчим Валча (Oltchim Ramanicu Valcea) во Романија, што беше нејзино прво интернационално искуство. Во април годинава, Пино си замина од Романија и како свое следно одредиште ја избра Македонија и ЖРК Вардар СЦБТ.
Во репрезентацијата на Франција, Алисон Пино дебитираше на 27 февруари 2007 година на натпреварот против Кина во Нант, во подготовките пред Светското првенство на кое Франција беше домаќин. Како исклучително талентирана, но сè уште млада ракометарка, Пино беше резервен петнаесетти играч во францускиот олимписки тим на ОИ 2008 во Пекинг. Првиот медал со репрезентацијата на Франција, Пино го освои на СП 2009 во Кина. На овој мундијал Франција стана светски вицешампион, а Пино беше избрана за најдобар среден бек во ол-стар тимот. Истата година Алисон Пино од ИХФ беше прогласена за најдобра ракометарка во светот. Франција беше вицешампион и на СП 2011 во Бразил, а Пино и на ова првенство го доби признанието за најдобар среден бек. Со француската репрезентација, Пино настапи ОИ 2012 во Лондон (четвртфинале),на три европски првенства (СП 2008, СП 2010, СП 2012) и на три светски превенства (СП 2007, СП 2009, СП 2011) и обезбеди пласман на СП 2013 во Србија.