Александар Петрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Петрески
Градоначалник на Охрид
На должноста
2005 – 2013
Претходник Никола Наумов
Наследник Никола Бакрачески
Лични податоци
Роден(а) 11 ноември 1964(1964-11-11)(59 г.)
Струга, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија СДСМ
Професија Сообраќаен инженер
Вероисповед Православен христијанин

Александар Петрески (роден на 11 ноември 1964 во Струга),[1] завршил основно и средно образование во Охрид.[1] Исто така завршил факултетско образование на битолскот Универзитет „Св. Климент Охридски“, поточно Електротехнички факултет, каде се здобил со статус дипломиран сообраќаен инженер.[1]

Во 1999 година, тој основал приватно претпријатие во кое бил ангажиран сè до 2003 година.[1] Од 2003 до 2005 година тој е првиот човек на општинското јавно претпријатие „Охридски комуналец“ - Охрид.[1] На локалните избори во 2005 година, ја добива довербата на граѓаните на Охрид и станува градоначалник на Општина Охрид.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Биографија за градоначалникот на Охрид“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-02-13.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]