Џанлука Песото

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џанлука Песото
Лични податоци
Роден на 11 август 1970(1970-08-11)(53 г.)
Роден во Латисана, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2006 (35 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989-1991 Варезе Варезе 64 (1)
1991-1992 Масезе Масезе 22 (1)
1992-1993 Болоња Болоња 21 (1)
1993-1994 Верона Верона 34 (3)
1994-1995 Торино Торино 32 (1)
1995-2006 Јувентус Јувентус 243 (2)
Репрезентација
1996-2002 Италија Италија 22 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Џанлука Песото (роден на 11 август 1970 година во Латисана, Удине) — поранешен италијански фудбалер, играч од одбраната.

Тој е поранешен репрезентативец на Италија, а поголемиот дел од својата кариера го поминал во дресот на Јувентус. Песото во текот на неговата кариера најчесто играл како лев бек, но често бил преместен и понапред како играч од средниот ред по левата страна. Исто така тој бил користен и како десен бек, па дури играл и како централен дефанзивец.

Моментално работи како спортски директор во Примавера тимот на Јувентус.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Песото (лево) во дресот на Јувентус во 1998 година.

Песото ја започнал кариерата во јуниорите на Милан, додека професионалното деби го направил во Серија Ц2 во 1989 година во дресот на Варезе, клуб за кој во две сезони собрал 64 првенствени настапи. Потоа, тој играл за екипите на Масезе во Серија Ц1, како и за Болоња и Верона во Серија Б (1992-1993 и 1993-1994).

По импресивните настапи во втората лига на италијанскиот фудбалски лигашки систем, во сезоната 1994-1995 Песото потпишал за Торино, со кој дебитирал во Серија А на 4 септември 1994 во натпреварот Торино-Интер (0-2). Веќе во својата прва сезона тој обезбедил место во почетната постава на биковите, забележувајќи 32 настапи и еден гол во првенството.

После во голема мера импресивната деби сезона во Серија А, во летото 1995 година Песото се преселил во градскиот соперник на Торино, Јувентус, за 7 милијарди италијански лири.[1] Тој ги одиграл следните 11 сезони во дресот на Јувентус, клуб со кој Песото освоил сè, започнувајќи од Лигата на шампионите 1995-1996: во финалето против Ајакс решено после изведување на пенали, откако по редовното и дополнителното време натпреварот завршил со резултат 1-1, тој бил еден од четирите прецизни изведувачи за Јувентус. Покрај тоа, Песото освоил уште четири скудета и четири Суперкупа на Италија за време на својот престој во клубот.

До сезоната 2001-2002 Песото бил редовен член на почетната постава на Јувентус, но потоа тој претрпел повреда што го принудила на три месеци неактивност: оваа пауза, во комбинација со возраста и афирмацијата на Џанлука Ѕамброта во улогата на лев бек, постепено го истуркала Песото на клупата. Тој ја завршил својата кариера во црно-белиот дрес во 2006 година.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Песото има 22 настапи за Италија во периодот помеѓу 1996 и 2002 година.[2] Учествувал на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000: на второто натпреварување тој бил еден од прецизните изведувачи од белата точка во победата со 3-1 на пенали над домаќинот Холандија во полуфиналето. Во финалето на истото натпреварување против Франција, тој со одличен центаршут од десната страна му асистирал на Марко Делвекио за водство на Аѕурите; сепак на крајот французите победиле и ја освоиле титулата на првенството, благодарение на златниот гол на Давид Трезеге, идниот соиграч на Песото во Јувентус.

Тој не учествувал на Светското првенство 2002, поради повредата со која се здобил за време на пријателски натпревар против Уругвај, одигран на 17 април 2002 во Милано.[3] Тоа бил и неговиот последен репрезентативен натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
9-10-1996 Перуџа Италија Италија 1 – 0 Грузија Грузија Квал. за СП 1998 -
29-10-1997 Москва Русија Русија 1 – 1 Италија Италија Квал. за СП 1998 - заменет 54'
15-11-1997 Наполи Италија Италија 1 – 0 Русија Русија Квал. за СП 1998 - заменет 76'
2-6-1998 Гетеборг Шведска Шведска 1 – 0 Италија Италија Пријателска - влегол во игра 84'
23-6-1998 Сен Дени Италија Италија 2 – 1 Австрија Австрија СП 1998 - Прва фаза -
27-6-1998 Марсеј Италија Италија 1 – 0 Норвешка Норвешка СП 1998 - Осминафинале - влегол во игра 72'
3-7-1998 Париз Италија Италија 0 – 0 прод.
(3 – 4 пен.)
Франција Франција СП 1998 - Четвртфинале - заменет 90'
5-9-1998 Ливерпул Велс Велс 0 – 2 Италија Италија Квал. за Евро 2000 -
18-11-1998 Салерно Италија Италија 2 – 2 Шпанија Шпанија Пријателска - влегол во игра 60'
16-12-1998 Рим Италија Италија 6 – 2 World Stars World Stars Пријателска - влегол во игра 65'
13-11-1999 Лече Италија Италија 1 – 3 Белгија Белгија Пријателска - влегол во игра 71'
23-2-2000 Палермо Италија Италија 1 – 0 Шведска Шведска Пријателска -
29-3-2000 Барселона Шпанија Шпанија 2 – 0 Италија Италија Пријателска - заменет 73'
26-4-2000 Реџо Калабрија Италија Италија 2 – 0 Португалија Португалија Пријателска - заменет 72'
3-6-2000 Осло Норвешка Норвешка 1 – 0 Италија Италија Пријателска -
11-6-2000 Арнем Турција Турција 1 – 2 Италија Италија Евро 2000 - Прва фаза - заменет 89'
19-6-2000 Ајндховен Италија Италија 2 – 1 Шведска Шведска Евро 2000 - Прва фаза -
24-6-2000 Брисел Италија Италија 2 – 0 Романија Романија Евро 2000 - Четвртфинале - заменет 62'
29-6-2000 Амстердам Италија Италија 0 – 0 прод.
(3 – 1 пен.)
Холандија Холандија Евро 2000 - Полуфинале - влегол во игра 77'
2-7-2000 Ротердам Франција Франција 2 – 1 зг Италија Италија Евро 2000 - Финале - 2. место
28-2-2001 Рим Италија Италија 1 – 2 Аргентина Аргентина Пријателска - заменет 70'
17-4-2002 Милано Италија Италија 1 – 1 Уругвај Уругвај Пријателска - заменет 7'
Вкупно Настапи (145. место) 22 Голови 0

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 12 април 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1989-1990 Италија Варезе Ц2 30 1 КИ-Ц - - - - - - - - 30 1
1990-1991 Ц1 34 0 КИ+КИ-Ц - - - - - - - - 34 0
Вкупно Варезе 64 1 - - - - - - 64 1
1991-1992 Италија Масезе Ц1 22 1 КИ-Ц - - - - - - - - 22 1
1992-1993 Италија Болоња Б 21 1 КИ - - - - - - - - 21 1
1993-1994 Италија Верона Б 34 3 КИ - - - - - - - - 34 3
1994-1995 Италија Торино А 32 1 КИ 4 1 - - - - - - 36 2
1995-1996 Италија Јувентус А 28 0 КИ 1 0 ЛШ 10 0 СИ 0 0 39 0
1996-1997 А 20 0 КИ 2 0 ЛШ 5 0 СУ+ИнтК 2+0 0 29 0
1997-1998 А 21 0 КИ 7 0 ЛШ 8 0 СИ 1 0 37 0
1998-1999 A 19+2[4] 1 КИ 5 0 ЛШ 8 0 СИ 1 0 35 1
1999-2000 A 30 1 КИ 4 0 ИК+КУ 4+6 0 - - - 44 1
2000-2001 А 32 0 КИ 1 0 ЛШ 6 0 - - - 39 0
2001-2002 А 29 0 КИ 4 0 ЛШ 11 0 - - - 44 0
2002-2003 А 17 0 КИ 4 0 ЛШ 7 0 СИ 0 0 28 0
2003-2004 А 18 0 КИ 8 0 ЛШ 5 0 СИ 0 0 31 0
2004-2005 A 19 0 КИ 1 0 ЛШ 6 0 - - - 26 0
2005-2006 A 10 0 КИ 2 1 ЛШ 2 0 СИ 0 0 14 1
Вкупно Јувентус 243+2 2 39 1 78 0 4 0 366 3
Вкупно во кариерата 395+2 9 43 2 78 0 4 0 522 11

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Варезе[уреди | уреди извор]

1989-1990

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

1996-1997, 1997-1998, 2001-2002, 2002-2003
1995, 1997, 2002, 2003
1995-1996
1996
1996
1999

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. La Gazzetta dello Sport, уред. (23 јули 2012). Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. vol. 12 (1995-1996). Милано. стр. 10.
  2. „Nazionale in cifre: Pessotto, Gianluca“ (италијански). FIGC. Архивирано од изворникот на 23 December 2008. Посетено на 26 May 2015.
  3. Lodovico Maradei (18 април 2002). „Tutto male per l'Italia. Perde anche Pessotto“. La Gazzetta dello Sport.
  4. Плејоф двомеч за Куп на УЕФА/Интертото куп.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]