Ќиро Костески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ќиро Костески
Роден 1918 година
Прострање, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал октомври, 1945 година
Косел, Охридско, СР Македонија
Националност Македонец

Ќиpo Силјанов Костески ( 1918 во Прострање, Кичевско1945 во Косел, Охридско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Поради тешкиот живот во семејството, бил принуден да оди на печалба. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во есента 1944 година во редовите на Шестата македонска бригада. Станал ѝ член на КПМ. Со заминувањето на Бригадата за Срем, останал на теренот за расчистување на остатоците од балистичките банди. Во една таква акција против балистичките банди, загинал во селото Косел - Охридско во октомври 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 153.